Вистински центар за добредојде на квалификувани странци?
Бенџамин Најт
23 март 2019
Берлин, со нова служба, ги засилува административните напори за привлекување на квалификувани странски работници. Со овој чекор треба да се промени и темелниот пристап на властите кои мигрантите ги гледаат како закана.
Реклама
Берлин стана една од првите германски покраини која ги засилува напорите за привлекување на квалификувани работници, преку создавање на нова специјална „институција за доселеници“ потег кој е во согласност со новиот закон за имиграција на германската влада. Сосема новата институцијата наречена „Покраинска служба за доселување“, ќе ја замени актуелната „Канцеларија за странци“.
„Формирањето на независна служба за имиграција треба да ја трансформира канцеларијата за странски граѓани во вистински покраински орган на добредојде", изјави министерот за внатрешни работи на градот-покраина Берлин, Андреас Гајзел.
Тој притоа го истакна акутниот проблем за кој германските претпријатија се жалат веќе подолго време: дека никако не може сериозниот недостиг на работници во растечките стопански сектори (негувателството, инженерството и ИТ) да биде покриени од страна на невработени Германци, па дури и од доселеници од земјите од Европската унија.
Меѓутоа, голем дел од планот за новата служба останува нејасен. Покраинската влада не соопшти кога точно таа ќе биде отворена ниту пак дали ќе биде вклучен буџет за дополнителен персонал.
Мигрантите: закана или помош?
Идејата не е сосема нова: градовите-покраини Хамбург и Бремен веќе имаат т.н. центри за добредојде, служби кои се одделени од други покраински институции, каде акцентот, како што сугерира името, е ставен на помош на досеелниците да се снајдат во Германија.
„Мислам дека со тоа сакаат да испратат сигнал во имиграциската политика", рече Бетина Офер, адвокат за имиграција со седиште во Франкфурт. „Мислам дека Берлин сега го презеде овој чекор за да покаже дека има смисла".
Структурно, вели Офер, новиот центар во Берлин може да биде значајно подобрување. „Навистина е чекор кон подобро ако го направат специјален покраински орган, што пак ќе биде чекор напред и за бројот на вработените и за платите", вели Офер. „Мислам дека сето тоа ќе олесни оваа канцеларија да најде персонал".
Не само промена на етикетата?
Томас Грос, експерт за имиграциско законодавство во универзитетот во Оснабрик, рече вели дека сигналот кој го испраќа Берлин е за пофалба, ако во покраината сериозно го мислат тоа. Ако станува збор само за промена на етикетата, нема да има голема разлика, вели Грос.
„Прашање е како тие се сваќаат самите себеси", изјави Грос за ДВ. Старата категоризација на службата за за странските државјани како дел од регулаторната власт е втемелена на идејата дека на странците треба да се гледа како на опасност која треба да се контролира“.
11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија
Сакате да работите во Германија? Научете ги овие 11 зборови. И да, бирократија е едниот од нив!
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
Büro(kratie)/Бирократи
Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваат надвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.
Фотографија: Olaf Wandruschka - Fotolia.com
Chef/Шеф
Секој вработен во Германија има „Chef“. Тоа е нивниот претпоставен и не, тој не готви за нив. Доколку претпоставениот е жена, тогаш се вика „Chefin“. Зборот е предизвик и „лажен пријател“ за Германците кои учат англиски јазик. Но, зарем не би сакале да имате личен готвач? Тој луксуз е резервиран само за врвните директори – кои немаат претпоставени.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Telko/Телко
Добрата комуникација е клучна за успешно завршување на работите, нели? Во модерниот и глобализиран свет сите со кои треба да комуницирате не се во вашата зграда. За голем број од вработените, телефонските конференции, „ Telefonkonferenz “, се секојдневна рутина. Германците сакаат да ги кратат зборовите па така „Telefonkonferenz“ станува „Telko “.
Фотографија: Gajus - Fotolia.com
Gleitzeit/Глајтцајт
"Gleitzeit" – во буквален превод значи „лизгаво време“ и е сон за сите кои не се ранобудци. Тоа е флексибилно време. Додека колегите го пијат третото кафе во 9:59 часот наутро, можете да дојдете на работа пред да почне најдинамичниот дел од работниот ден. Но, тоа можете да го направите само доколку некој од вашите колеги не закажал „Telko “ во 8 часот.
Фотографија: Colourbox
Kantine/Кантине
Јадењето на топол оброк за ручек е многу важно во Германија. Голем дел од компаниите нудат „Kantine“, односно кафетерија/кантина каде што може да се најдат традиционални јадења. Доколку внимавате на вашата тежина, тогаш добра идеја би било да си понесете јадење од дома. Во секој случај, кога Германец ќе види дека јадете ќе ви рече "Mahlzeit", односно „пријатно јадење“.
Фотографија: Imago
Quereinsteiger/Кверајнштајгер
Во Германија, вообичаено е луѓето да работат во полето во кое биле образувани и долго да останат на тоа работно место. Неретко е многу тешко да ја промените работата затоа што голем дел од работодавачите очекуваат дипломи и сертификати од нивната област. За оние кои успеаваат да се преориентираат има посебен збор: "Quereinsteiger", што во буквален превод значи - страничен сурфер.
Фотографија: Colourbox/Pressmaster
Ausgleichstag/Аусглајхстаг
Работевте прекувремено во последно време? Тогаш време е да ги земете заработените пари и да одите на „Ausgleichstag“, односно да земете слободен ден за компензација. Доколку имате само еден ден и живеете на северниот брег, можете да прошетате по плажа. Но, доколку ви се собрани повеќе денови, имате доволно време да организирате некое подолго патување. Само мобилниот телефон оставете го дома.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Naupold
Betriebsrat/Бетрибсрат
Да се биде фер е приоритет во германската работна средина и секоја компанија задолжително мора да има „Betriebsrat“, односно совет на вработени кои ги застапуваат своите колеги. Тие се медијатори и ги олеснуваат преговорите со менаџментот со цел да се осигураат дека сѐ тече како што треба. Ако размислувате да се кандидирате за некоја јавна функција, „Betriebsrat“ е добро место за почеток.
Терминот значи „одговорно лице за обезбедување на еднакви можности“. Позади импресивната титула, стои важна улога која обезбедува фер работна средина. Овие лица учествуваат во процесот на регрутирање на нови работници и се присутни на интервјуата. Нивната задача е да се осигураат дека жените, лицата со попреченост и малцинствата имаат исти можности при вработувањето како сите други.
Фотографија: Fotolia/Andrey_Arkusha
Elternzeit/Елтернцајт
Се преведува како „време за родителите“, но во пракса тоа е всушност „време за децата“. Стапката на новородени во Германија е толку ниска што потенцијалните родители се мотивираат со 12 до 14 месеци платено отсуство од работа, т.е. „Elternzeit“, а по раѓањето на детето, на родителите им се гарантирани следните 3 години на работното место.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Feierabend(bier)/Фајерабенд(биер)
Сите добри нешта имаат крај (дури и работниот ден). Во Германија, тогаш започнува забавата (дури и за канцеларката). Крајот на работниот ден се нарекува „Feierabend“- „време за забава“. За освежителниот пијалок во кој речиси сите возрасни уживаат на крајот на денот има посебен збор „Feierabendbier“, односно пиво за крај на работниот ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
11 фотографии1 | 11
Повеќето Берлинци кои немале доволно среќа да имаат државјанство на ЕУ, можат само да го потврдат ова, како што ќе потврдат и безбројните доаѓања во канцеларијата за странство која има хронично недоволно вработени. Многу луѓе раскажуваат анегдоти за чекање со месеци за да се добијат термин, или пак за стоење во редиците надвор ред канцеларијата уште од 5 часот наутро и натаму со часови среде зима без на крајот воопшто да можат да влезат во канцеларијата, итн, итн.
„Ако на овие канцеларии сега им се даваат позитивни имиња како 'центри за добредојде', тоа би требало да има и влијание врз тоа како вработените ја гледаат својата улога", вели Грос додавајќи: „Се разбира, треба да се најде и кадар кој овие имиња ќе ги живее и ќе се идентификува со нив".