Берлин: Да продолжи спроведувањето на Преспанскиот договор
СН/ агенции
2 октомври 2018
Германија се приклучи кон повиците до Македонија да продолжи со работата на имплементација на договорот со Грција за промена на името, и покрај тоа што имаше слаб одзив на гласачи на референдумот во неделата.
Реклама
Штефен Зајберт (насловна фотографија), портпарол на германската канцелрка Ангела Меркел, рече дека преовладувачката поддршка за договорот со Грција меѓу гласачите во неделата, е „основа“ за продолжување на работата на договорот од Преспа.
Зајберт рече дека е важно да продолжи поддршката за спроведување на договорот. Тој изјави оти договорот од Преспа е „историска“ можност да се отстранат пречките во односите на Македонија со НАТО и со Европската унија.
Зајберт покрај тоа истакна дека потребните 50 насто излезеност за успех на референдумот, се „многу висок“ процент, бидејќи меѓу регистрираните гласачи има многу луѓе кои одамна се иселени од Македонија.
Кои држави имаат проблем за името?
Македонија и Грција потпишаа договор за решавање на спорот за името. Името на државата се јавува како проблем и во односите на други држави во светот. Еве неколку примери:
Фотографија: picture-alliance/Kyodo/MAXPPP
Договор меѓу Македонија и Грција
Грција и Македонија со децении имаат проблем во односите поради името. По распадот на Југославија, Македонија прогласи независност и стана самостојна држава Република Македонија. Грција со тоа има проблем, нагласувајќи дека Македонија се вика нејзиниот северен регион. Двете земји во јуни годинава потпишаа Договор за решавање на спорот за името.
Фотографија: Reuters/A. Avramidis
Република Ирска и Северна Ирска
Ирците долго имаа проблем во односите со Обединетото Кралство. Ирска со векови беше дел од Обединетото Кралство. Со Англо-ирскиот договор од 1921 година на Ирска ѝ беше дадена независност, но со посебна клаузула на Северна Ирска ѝ беше дозволено да остане во рамките на Обединетото Кралство.
Фотографија: picture-alliance/empics/N. Carson
Острови за кои се водеше војна
Островите во јужниот Атлантик имаат француски, британски, шпански и аргентински населби. Велика Британија во архипелагот кој го нарече Фолкландски Острови воспостави своја управа во 1833. Аргентина ги нарекува островите - Малвински Острови и ги сметаше за дел од својата територија. Во 1982. Аргентина изврши инвазија на островите, но британските сили ја вратија територијата во свои раце.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Сенкаку или Диаоју?
Малата група острови под јапонска контрола во Источнокинеското Море долго беше спорна тема меѓу Јапонија и Кина. Кина тврди дека ги открила островите Диаоју во 14 век. По Втората светска војна со островите управувале САД, но ѝ ја вратиле контролата над островите на Јапонија во 1972. Со откривањето на нафтени резерви на островите кои Јапонија ги нарекува Сенкаку, спорот повторно е разгорен.