Берлин: Обвинителството зборува за исламистички напад
19 август 2020Според досегашните сознанија на Обвинителството во Берлин, вчерашните судари на автопатот А100, се напад „со исламистички мотиви“. Портпарол на Обвинителството денеска додава и дека има знаци оти 30-годишниот Ирачанец кој ги предизвикал сударите има психички проблеми.
Против Ирачанецот се води истрага за обид за убиство во повеќе случаи, вели портпарол на Обвинителството. Сударите биле, како што се додава, предизвикани намерно. Повредени се повеќе луѓе, од кои едно лице тешко.
Ирачанецот предизвикал судари на три места на автопатот. Според полицијата, тој кај себе имал и кутија која на прв поглед изгледала како кутија за муниција. Кога бил запрен од страна на полицијата, рекол дека во кутијата се наоѓа „опасен предмет“. По прегледот на кутијата било утврдено дека во неа има алат.
Пред сударите осомничениот возач на Фејсбук објавил фотографии од автомобилот со кој подоцна намерно удрил повеќе возила, како и религиозни изреки.