Берлускони осуден на четири години затвор
26 октомври 2012Реклама
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска беше осуден на казна затвор од четири години поради затајување данок поврзано со неговите телевизиски канали од групацијата „Медиасет“. Судот во Милано на Берлускони му изрече и забрана за вршење јавна функција во период од три години.
Берлускони беше обвинет дека вештачки ги качувал цените за дистрибуција на филмски права купени од страна на нафтени компании, а потоа препродавани назад на „Медиасет“.