1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлускони ќе се повлече до крајот на годинава?

26 октомври 2011

Северната Лига, коалициски партнер на италијанскиот премиер понудила согласност за мерката за пензионирање од 67 години ако Силвио Берлускони се повлече од функцијата до крајот на годинава, тврдат весниците во Италија.

Italien Berlusconi Vertrauensfrage Parlament Rede
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони пред сериозни предизвициФотографија: picture-alliance/dpa

Кусо пред почетокот на самитот на ЕУ партиите на италијанската владина коалиција сепак постигнаа начелен договор околу неопходните стопански реформи во земјата погодена од должничката криза.

Останува меѓутоа спорното прашање околу зголемувањето на старосната граница за пензионирање од сегашните 65 на 67 години, што категорично го отфрла помалиот коалиционен партнер, Северната лига.

Партискиот лидер на Северната Лига, Умберто БосиФотографија: AP

Италијанските весници пишуваат дека Северната лига нуди согласност по ова прашање ако за возврат Берлускони се повлече од функцијата кон крајот на годината и се согласи на нови избори во март 2012 година. Наводно, Берлускони го прифатил предлогот. ЕУ претходно бараше од владата на премиерот Силвио Берлускони писмено ветување за мерките за санирање на државниот буџет.

Автор:ЖА/ СН/дв/ртр

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми