1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бертелсман: Демократско уназадување во ЈИЕ

ЕМФ/bertelsmann-stiftung.de24 март 2012

Во голем број земји во светот се забележува се‘ поголемо ограничување на политичките права на луѓето. Особено маркантно уназадување има во многу земји од Југоисточна Европа, Источна Европа и Латинска Америка.

Фотографија: Fotolia/Xuejun li

Во заклучоците од проценката на германската фондација Бертелсман, која го дава таканаречениот индекс на трансформација во 128 земји во развој и во транзиција, се вели дека во текот на изминатите неколку години квалитетот на демократски избори бил полош во 15 од вкупно 38 земји во ЈИЕ и Латинска Америка. Во регионот на Источна Европа особено е влошена ситуацијата во Украина и Унгарија. Се‘ поголем е бројот на регистрирани изборни нерегуларности, купување гласови, нетранспарентно финансирање на партиите и измами. Се‘ почесто и владите во Европа посегаат по слободата на медиумите или се обидуваат да ги заплашуваат новинарите, меѓу другите земји и во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Словачка, се наведува во резултатите од проценката на експертите на Бертелсман. Што се однесува до Латинска Америка, пак, уназадување во квалитетот на демократијата има во Аргентина, Еквадор, Гватемала, Мексико и Панама. Состојбата е влошена и во многу земји од јужна и југоисточна Африка.

Фотографија: DW

Важна причина за политички негативниот развој токму во младите и „дефектни“ демократии, според „Бертелсман“, е незадоволството од социоекономскиот учинок на демократските системи. Губењето доверба на многу места поттикнува брз подем на полулистичките движења.

Индексот на трансформација на фондацијата Бертелсман го анализира и оценува квалитетот на демократија, пазарна економија и политички менаџмент во128 земји во развој и во трансформација. Се мерат успехот и уназадувањето на патот кон правна држава и пазарна економија. Проценката ја прават 250 меѓународно признати експерти, кои ја оценуваат не само состојбата на развој на земјите и проблемите со кои се соочуваат, туку и способноста на политичките актери за консеквентно спроведување на реформите. БТИ е единствен меѓународно споредбен индекс кој квалитетот на владеењето го мери со свои податоци и кој дава опширна анализа на политичките дејства во процесот на трансформација.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми