1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Бесни Хрвати во циркус“

АТ/дв/билд/цдф/фац13 јуни 2014

Германските медиуми го анализираат поразот на Хрватска против Бразил (1:3) во првиот натпревар од СП. Најголем простор и‘ се посветува на спорната одлука на јапонскиот судија - единаестерец во 70. минута од натпреварот.

Фотографија: Reuters

Таблоидот „Билд“ во своето онлајн издание кратко и прецизно ја анализира победата на Бразил: „Пеналот беше виц!“ - „Билд“ не беше воодушевен со играта на Бразилците и пишува дека големиот фаворит на СП „мораше да трепери“ против Хрватска и дека „Нејмар и единаестерецот го спасија Бразил“.

Поранешниот судија на ФИФА, Урс Мајер, за германската телевизија ЗДФ остро ја критикуваше спорната одлука на јапонскиот судија Јучи Нишимура. „Не смееше да досуди единаестерец. Се гледаше дека Фред го сакаше тој пенал. Судија од светскиот врв мораше да го види тоа. Всушност на Фред требаше да му се додели жолт картон поради симулирање. Тоа би било добар сигнал на првиот натпрева на СП“, рече Швајцарецот по натпреварот.

Нишимура „ги спаси домаќините“

Магазинот „Шпигел“ на својата интернет страница ги прашува читателите: „Дали Нишимура и во иднина треба да суди на СП?“ Во моментот кога беше објавен овој прилог поголемиот број од корисниците беше за тоа дека „тоа не смее да се случи во никој случај оти пеналот го реши натпреварот“. Повеќе од 8.000 читатели на „Шпигел“ на интернет му доделија црвен картон на Јапонецот. Само 1.200 сметаа дека „секој има право на грешка“.

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во прилогот со наслов „Бесните Хрвати имаат чувство како да се во циркус“ пишува дека јапонскиот судија со својата одлука „ги спасил домаќините“.

Изразот „циркус“ весникот го „презема“ од хрватскиот селектор Нико Ковач, кој по натпреварот, коментирајќи го судењето, рече: „Ако продолжиме вака, тогаш тоа ќе биде циркус“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми