Граѓаните реагираат и бараат ефикасни мерки против загадувањето кое достигна енормни граници.
Реклама
Скопјани се задушија. Само за време на викендот, загадувањето во делови на градот беше 24 пати над дозволеното, што е апсолутен рекорд. Градските власти донесоа одлука од утре јавниот превоз да биде времено бесплатен. Бесплатното возење во автобусите на ЈСП и во приватните автобуси ќе трае сѐ до моментот на намалување на загаденоста на воздухот. Ова е една од мерките и препораките поради енормната загаденост на воздухот во главниот град, кои денеска ги сопшти градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Граѓаните сепак бараат одговорност и долгорочно ефикасни мерки за справување со овој сериозен проблем, од кој годишно умираат најмалку 1300 луѓе. Повеќе за грижите и барањата на Скопјани во однос на загадувањето на воздухот во градот, во следнава анкета, снимена денеска на улиците на главниот град:
Задушени Скопјани бараат итни мерки
02:08
Проект „Без смог“- чист воздух за сите
Иновативниот дизајн продуцира чист воздух, а истовремено креира модерен накит.
Фотографија: Derrick Wang
Од друга планета
Кулата „Smog Free“ изгледа доста футуристички и како да не потекнува од нашата планета. Сепак, нејзината функција е поприлично „земјена“ - да обезбеди чист воздух.
Фотографија: Derrick Wang
Прочистување на амбиеталниот воздух
Во внатрешноста на кулата се наоѓа високо ефикасен филтер за воздух кој користи многу малку енергија и е способен да ги задржи и најситните честички кои се наоѓаат во воздухот. Како резултат на тоа, воздухот кој ќе помине низ системот на кулата е до 75% почист од останатиот воздух во средината.
Фотографија: Derrick Wang
Диши слободно
Очигледно е дека една кула не може да го прочисти воздухот во цел град. Идејата зад овој коцепт е да се создаде место каде луѓето може да се собираат и каде што ќе можат да размислуваат и дишат слободно. Со оваа кула тоа би можело да се постигне дури и во најзагадените градови во светот, како што е Пекинг (прикажан на фотографијата).
Фотографија: Laard Buurman
Што со отпадот?
Креаторот на кулата, дизајнерот Рузегард верува дека во иднината нема да постои отпад. Поради тоа, тој бара начин како да ги искористи филтрираните честички кои произлегуваат од филтрирањето на амбиеталниот воздух.
Фотографија: Studio Roosegaarde
Нешто скапоцено
Тимот на Рузегард одлучи под висок притисок да компресира ситни честички, а потоа да ги вметне во обвивка изработена од акрил. Резултатот е овој правоаголен орнамент кој потоа може да се користи во изработката на накит.
Фотографија: Studio Roosegaarde
Смела визија
Човекот кој стои зад овој подвиг, холандскиот дизајнер Дан Рузегард всушност сака да го овозможи човечкото право на чист воздух за сите луѓе.