Бесплатни ПЦР тестови за странските туристи во С. Македонија
20 април 2021
Владата одлучи државата да им ги подмири трошоците за ПЦР-тестови на странските туристи, кои до крајот на годинава ќе одлучат да ја посетат земјата.
Реклама
Владата сака да го поттикне туризмот во претстојната летна сезона со бесплатни ПЦР тестови за странските туристи. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска соопшти дека мерката предвидува опфат на околу 50 илјади туристи.
„Тоа ќе се направи во соработка со Институт за јавно здравје, Фондот за здравство и Министерство за здравство, затоа што сметаме дека само кредибилни и јавни институции можат да спроведат ПЦР-тестирање на ваков начин и во толку голем обем, како што имаме предвидено“, рече вицепремиерот.
Дојдете во С. Македонија, повикува Lonely Planet!
Еден од најпознатите туристички водичи- „Lonely Planet“ ја препорачува Северна Македонија како трета најдобра светска дестинација за следната 2020 година. Погледнете ги и останатите дестинации во нашата мала галерија.
Фотографија: DW/S. Stojanovski
Северна Македонија: За секого по нешто
Северна Македонија е трета на листата на земји кои треба да се посетат. Lonely Planet ја претставува земјата како препородена по надминувањето на спорот со Грција околу името. Веќе е позната по својата гастрономија, антички традиции и природа, но нуди многу новини за љубителите на културата и авантуристите. Новите директни летови до Охрид само го олеснуваат уживањето.
Фотографија: DW/M. Jovanoski
Бутан: Ќе биде уште поубаво!
Многу држави тврдат дека го нудат вистинскиот „Шангри-Ла“, но на Бутан најдобро му оди. Хималајскиот рај има стриктна туристичка политика со која секој турист мора да плати дневна карта за да ужива во прекрасните предели. Веќе е првата држава во светот која воопшто не загадува, а до 2020 година Кралството ќе биде и првата целосно органска држава. Значи, ќе станува само поубаво!
Фотографија: DW/M. Mostafigur Rahman
Англија: Пешачење во ветровитиот рај
Некогашната прва линија на одбрана од освојувачи, денес е место за уживање. Прошетка низ ветровитиот брег, откривање на морски животни во карпите, барање фосилни остатоци, набљудување на делфини, се само дел од активностите кои ги нуди англиското крајбрежје. До 2020 година ќе биде завршена пешачката патека во должина од 3.000 милји- единствена од тој вид во светот која ќе го опфати целиот брег.
Фотографија: imago/robertharding/R. Richardson
Аруба: Повеќе од егзотични плажи и море
Островот кој се наоѓа во близина на брегот на Венецуела освен со егзотичниот туризам се наметнува и со амбициозните напори за одржливост. Островот се нуди како поле за тестирање на решенија за обновлива енергија на други земји, и планира забрана за користење пластика и заштита на коралите. Со понудата на ново, автентично и евтино сместување, Аруба е многу повеќе од песочни плажи и прекрасно море.
Фотографија: picture alliance/Robert Harding
еСватини: Мир и спокојство
Малечко, пријатно и полно со култура, авантура и легендарен див свет. Јужноафриканската мини држава која стана позната по тоа што го смени името од Свазиланд во еСватини, е една од најретко посетуваните држави. Новиот меѓународен аеродром и подобрената патна инфраструктура треба да го сменат тоа. Неверојатните пејзажи со своите паркови и резервати ви нудат ретко виден мир и спокојство.
Фотографија: Getty Images/AFP/G. Guerica
Коста Рика: Чист живот
Коста Рика веќе е на светскиот врв во одржливиот туризам. Нејзините граѓани ја разбраа важноста на зачувувањето на природата и на секој начин се обидуваат да живеат во хармонија со соседите- од мравки до јагуари. 99 проценти од енергијата во земјата се добива од обновливи извори, и е на чекор до неутралност во однос на јаглеродниот диоксид. Водечката фраза гласи „чист живот“ или pura vida.
Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши денеска го претставија шестиот пакет мерки за стопанството, вреден 17,8 милиони евра, со кој е предвидена помош за 10 илјади компании и околу 60 илјади вработени. Повеќе од половината од предвидените средства во новиот пакет се наменети за помош на туристичко угостителскиот сектор. Угостителите ќе можат да добијат директна помош од 30 отсто од просечно прикажаните приходи за 2019 година, а дополнително и еднократна помош во износ од 15.200 денари за секој вработен.
#dw_BalkanBooster: Ќе биде ли спасена летната сезона во Охрид?