1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бившите непријатели на една маса – САД и талибанците

ЖА / агенции
9 октомври 2021

Неформални контакти меѓу САД и талибанците постоеја уште при евакуирачката акција во Авганистан, а на викендов во Катар се планирани нивни први официјални разговори.

Afghanistan I Die Führung der Taliban
Фотографија: Sefa Karacan/AA/picture alliance

По повлекувањето на САД од Авганистан, досега немаше официјален контакт со талибанците. Но, портпарол на американското Министерсво за одбрана најави дека денеска и утре во катарскиот главен град Доха ќе има средба со високи по ранг претставници на талибанците.

Целта на  САД  е од новите властродршци на Хиндукуш да издејствуваат почитување на човековите права. „Ќе ги притискаме талибанците да ги почитуваат правата на Авганистанците, вклучително и на жените и девојчињата, како и да формираат влада со широка поддршка“, се вели од американски кругови.

Со оглед на тоа што Авганистан е конфронтиран со тешка  економска криза  и можна хуманитарна криза, ќе се врши притисок врз талибанците да дозволат слободен пристап на хуманитарните организации до најзасегнатите области. Освен тоа, од исламистите ќе се бара да овозможат заминување на натамошни американски државјани од Авганистан и на поранешни локални соработници. 

Нов живот за Авганистанецот кој побегна од Кабул

02:19

This browser does not support the video element.

Талибанцитеја презедоа власта во Авганистан во средината на август, по повлекувањето на НАТО трупите, а оттогаш прават напори за меѓународно признавање на нивната влада.

На разговорите на викендов меѓутоа не станува збор за признавање или легитимирање на  талибанците во Авганистан, истакна Министерството за надворешни работи на САД, туку за продолжување на „прагматични“ разговори за прашања од национален интерес на Вашингтон.

Неофицијални контакти меѓу Американците и талибанците имаше и претходно, тие беа аргументирани од неопходноста во врска со евакуирачката акција на американската војска, која следеше по преземањето на власта од страна на талибанците.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми