Она што можеби не е познато за дел од јавноста, е дека во Бигорски манастир со години духовно се лекуваат зависници од дрога и добиваат шанса да си го вратат нивното место во домот и општеството .
Реклама
Еден директен тв-пренос и „поголемата“ бројка присутни на богослужбата за Велигден, ги вивна критиките за Бигорски манастир, со обвинувања дека не биле почитувани препораките за заштитата од коронавирусот и за почитување на полицискиот час. Од манастирот објаснија дека сите присутни се дел од едно семејство.
„Монашката заедница од четирите манастири Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, ја сочинуваат над педесет монаси, монахињи, искушеници, искушенички, и верници волонтери кои се дел од едното семејство во Господа. Исто така, нашите манастири, кои се занимаваат со социјална мисија и општествена хуманитарна дејност, згрижуваат над шеесет души од социјално ранливи категории, кои го делат манастирското секојдневие заедно со монасите и монахињите. Дополнително, во нашите манастири, со години, константно престојуваат околу петнаесетина градежни работници, кои, исто така, се дел од нашите заедници", е наведено во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Оттаму ги поканија сите што се сомневаат во тоа, да ги посетат нивните манастири надвор од полицискиот час и да ја запознаат социјалната мисија што ја вршат тие.
Она што можеби не е познато за дел од јавноста, е дека Бигорски манастир е прибежиште за многумина кои се отфрлени од семејствата и општеството. Меѓу другото, таму дваесет години духовно се лекуваат зависници од дрога. Идејата за тоа се родила откако сè поголем број зависници почнале да доаѓаат во манастирот, барајќи помош.
„Трогнат од жалосната и безизлезна состојба на овие млади луѓе, игуменот на манастирот, отец Партениј, го прифати нивното доаѓање како знак на Божјата волја, имајќи ја пред очи евангелската порака: „Оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови“, објаснуваат од Бигорски.
Кога демоните ќе завладеат со душата...
На веб-страницата на манастирот има сведоштва на лица кои таму побарале спас, и го нашле.
„По десетина години се оттргнав од канџите на дрогата. Кога дојдов во Бигорскиот манастир се наоѓав на работ на бездната, само што не се струполив во неа за засекогаш да ме снема од овој свет. Тука престојував повеќе од две години и чувствувам дека сум целосно излечен и повеќе не сум зависен од хероин. Формирав семејство, имам две деца, многу сум среќен. Редовно доаѓам во манастирот да им помагам на монасите, оти се чувствувам како дел од ова духовно светилиште“, сведочи М.З. од Скопје.
Тој пред една деценија бил еден од педесетината млади луѓе кои успеале да се оттргнат од дрогата преку разговори со игуменот Партениј, молитви, присуствување на богослужбите, занимавање со сликарство и изработка на сувенири.
Друг скопјанец сведочи како дрогата, алкохолот, цигарите, бунтовноста и ставот „живеј брзо, умри млад“, му станале бескрајно привлечни, мислејќи дека тоа е вистинскиот начин да се ужива во животот, се додека не се нашол во безизлезна ситуација. Барајќи место кадешто би го примиле без да го осудуваат, во 2015 година дошол во Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.
„Дојдов во хаотична душевна состојба и без некоја голема надеж дека ќе се променам. Само што дојдов, видов дека нема ништо од сето она во кое јас уживав. Сепак, се појавуваше некоја мала надеж во мене, која потајно ми кажуваше дека ќе успеам. На почеток имав одбивност кон христијанството. Како што одминуваа првите денови, така почнав да го чувствувам мирот што владееше насекаде во манастирот. Имаа толку многу љубов и разбирање, што ги немав сретнато на ниедно место каде што сум бил", раскажува тој.
Духовно лекување
Како што објаснуваат од манастирот, веднаш штом ќе пристигне, зависникот го добива своето место во заедницата, и ги дели со присутните сите услови што ги нуди манастирскиот живот - сместување, храна, комуникација со поискусните рековалесценти заради побрзо и полесно прилагодување на манастирскиот амбиент, родителска грижа и духовни поуки... Тој пак се обврзува да го почитува востановениот ред - послушност кон игуменот на манастирот и останатите браќа, редовно присуство на богослужбите, исполнување на секојдневните задачи што ќе бидат доделени - работа во кујна, во манастирската градина и овоштарник, одржување на дворот и на манастирската околина...
Животната средина зема здив во време на короната
Луѓето се дома, фабриките прават пауза - тоа се одразува и на животната средина. Промените во животната средина се забележливи на најразлични начини ширум светот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Во Велс козите го заземаат просторот
Онаму каде што човекот се повлекува, животните си го враќаат животниот простор. На речиси сосема празните улици во британското крајбрежно место Ландидно, си се шета стадо диви кози. Тоа не им е првпат, но сега не им пречи никој. Додека луѓето се затворени дома, козите слободно може да се нафрлат на своето омилено јадење: грмушките крај патот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Планета на мајмуните?
Во тајландски Лопбури луѓето се навикнати на мајмуните. Но, во моментов животните се невообичаено напрегнати. Причина за нивните борби е можеби тоа што немаат доволно храна, поради тоа што нема туристи. За мајмуните во Лопбури и други за другите животни кои се навикнале да добиваат храна од луѓето, корона-кризата е голема промена.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Во Катманду се дише подобро
Чист планински воздух во главниот град на Непал е само желба. Катманду се вбројува во градовите со најзагаден воздух во светот. Градот лежи во долина, во која смогот е „заклучен“ од околните планини. Но, откако владата на 23 март објави забрани за излегување, градскиот сообраќај речиси замре. Оттогаш квалитетот на воздухот е значително подобар.
Помалку возила на улиците, помалку авиони на небото, помалку фабрики кои работат - корона-пандемијата и во Германија донесе намалување на штетните издувни гасови. Според прогнозите, Германија со тоа може дури и да ги постигне климатските цели за 2020 година, се разбира доколку по кризата не се испуштаат што е можно повеќе штетни гасови.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Кога гондолите се покриени ...
Каналите во Венеција, кои вообичаено се полни со бротчиња и гондоли, сега се празни, а водата е толку бистра, што може да се види дното. Но, тоа нема врска со подобрен квалитет на водата, објасни портпарол на градот за Си-Ен-Ен. Поради намалениот сообраќај, сега само талогот е на дното. Но, она што и овде е дефинитивно подобрено е квалитетот на воздухот.
Фотографија: Reuters/M. Silvestri
Паузата заврши?
Додека во многу земји економијата е во застој, во Кина повторно се почнува со работа, како во оваа фабрика за батерии во Анхуи. Со тоа завршува и паузата за земање здив на животната средина.
Фотографија: Getty Images/AFP
6 фотографии1 | 6
„Сето тоа му помага на зависникот во надминувањето на почетните физички и психички кризи, а подолгорочно, за зацврстување на неговиот карактер и духовно растење. Лекувањето се одвива во две фази: првата фаза се состои од детоксикација, а наредната фаза е подолготрајна и во неа се случуваат суштинските чекори за духовна обнова на личноста. Сите методи на лекување во оваа фаза се од духовна природа. Тоа содржи разговори со духовна содржина, запознавање со евангелските вистини, читање на духовна литература, а потоа откако суштински ќе се спознаат себеси и ќе ја сфатат погибелноста на гревот и страстите, очистување на душата преку светите тајни покајание, исповед и причест, и ослободување од ропството на зависноста“, објаснуваат од манастирот.
Оние што поседуваат цврста и непоколеблива волја да го остават зад себе таквиот живот, добиваат и шанса да си го вратат своето место во домот и општеството, што го изгубиле заради порокот.
Илјада години од основањето
Колку спасени животи, толку причини за радост. Но, покрај задоволството од ваквата социјална мисија, Бигорскиот манастир годинава има причини да се гордее и поради еден исклучително значаен јубилеј.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
„Годинава се навршуваат 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир. Тоа е годишнина со која би се гордееле секој народ и секоја Црква. Со Божја помош и со застапништвото на светиот Јован Крстител, Македонската Православна Црква, заедно со државните институции, достоинствено ќе го одбележи милениумското постоење и ќе ја истакне улогата и местото на ова големо светилиште во духовниот живот на македонскиот народ, и во минатото, и во сегашноста и, секако, во иднината“, потенцираа во Велигденското послание поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод.