1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Биланс од 12-те години Ширак

12 март 2007

Кусо по доаѓањето на функцијата во 1995-та даде “зелено светло“ за последните атомски тестови на Франција. А на крајот се профилираше во заштитник на глобалната клима. Но, она по што неговите сограѓани најмногу го памтат тоа е спротиставувањето на Ирачката војна. Ангела Улрих подготви биланс на постигнувањата на Жак Ширак.

Жак Ширак на самитот на ЕУ минатата недела во Брисел
Жак Ширак на самитот на ЕУ минатата недела во БриселФотографија: AP

“Тој и‘ се спротистави на војната во Ирак, тоа беше добро!“

“Единственото позитивно за мене беше неговиот став кон Ирак!“

Такво е во главно мнението на Французите за нивнот претседател на заминување. Но, одбивањето да застане на страната на САД во Ирачката војна не беше никаков храбар или величествен политички потег, смета новинарот и експерт, Франц Оливие Гизбер:

“Секогаш се смејам кога луѓето ќе речат дека тој бил храбар по прашањето на Ирак. Блер беше храбар, бидејќи дејствуваше спротивно на јавното мнение. Во Франција напротив 70% од граѓаните беа против таа војна и Ширак само го следеше општото мнение – како впрочем и повеќе пати претходно!“

Не е тајна дека Ширак во Франција се смета за опортунист. Тој во повеќе наврати повлекуваше дури и реформски зафати поради отпорот на улицата. Така на полето на социјалните системи немаше речиси никакви забележливи реформи за време на неговото владеење.

“Ако ги резимирате изминатите 12 години од владеењето на Ширак тогаш ќе видите дека не се случило ништо посебно. За разлика од Шредер во Германија, кој поттикна важни реформи, овде во Франција ништо не се случуваше, потполн застој!“

Жак Ширак ја почна политичката каријера со 30 години, како советник на тогашниот претседател Помпиду. Во повеќе наврати беше министер, подоцна на два пати и премиер, а потоа и градоначалник на Париз. Од тоа време има уште обвинувања за корупција против него. Дури во 1995-та, по два неуспешни обида, му појде од рака да победи на претседателските избори. Да се избори за власта и да ја зачува – тоа Ширак добро го знае:

“Тој е величествен за време на изборната битка, може се‘ – вистински аждер. Но, кога ќе ја освои власта, тогаш не знае повеќе што да прави!“ - посочува новинарот Гизбер.

Една од најголемите грешки и порази на Ширак беше свикувањето на референдумот за европскиот устав во 2005-та, на кој сограѓаните се изјаснија негативно. Со тоа падна во криза целата ЕУ. Од тогаш 74-годишниот претседател почна да тоне и паднаа во сенка сите негови претходни успеси.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми