1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бил Гејтс повторно најбогат човек во светот

АТ/ дпа/ард3 март 2014

Листата на најбогати луѓе во светот на магазинот „Форбс“ годинава повторно ја предводи Бил Гејтс. Меѓу 1645 милијардери во светот сопственикот на Фејсбук пак е еден од оние кои најмногу го зголемиле имотот.

Фотографија: Reuters

Коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс по четиригодишна пауза повторно е најбогатиот човек во светот. Неговиот имот магазинот „Форбс“ годинава го проценува на 76 милијарди долари (55,2 милијари евра). Како голем акционер на „Мајкрософт“ тој профитирал од покачениот курс на акциите на концернот.

Гејтс се повлече уште пред повеќе години, но сѐ уште поседува речиси 338 милиони акции на „Мајкрософт“. Во изминатите 20 години, според магазинот „Форбс“ Бил Гејтс 15 пати ја предводел листата на милијардери која се објавува еднаш годишно.

Оваа година Гејтс го надмина 74 годишниот мексикански телекомуникациски тајкун Карлос Слим Хелу, кој со имот од 72 милијарди долари се најде на второто место, следен од Шапанецот Аманчо Ортега.

1645 милијардери во светот

Вкупно „Форбс“ изброја 1645 милијардери. Традиционално на листата се застапени голем број лица од интернет и ИТ-браншата. Основачот на Фејсбук Марк Закерберг е еден од оние кои најмногу го зголемиле имотот. Неговиот имот се покачил од 15,2 милијарди на 28,5 милијарди долари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми