1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Битка“ за Венецуела во Советот за безбедност на ОН

СН/ агенции
11 април 2019

САД побараа од највисокото тело на Светската организација да го признае Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела. Амбасадорот на земјата во ОН пак тврди дека Вашингтон подготвува инвазија на земјата.

USA Mike Pence UN-Sicherheitsrat
Фотографија: Reuters/B. McDermid

Во борбата за превласт во Венецуела, САД сега играат на ОН-картата за да го отстранат претседателот Николас Мадуро од функцијата. Американскиот потпретседател Мајк Пенс го повика Советот за безбедност на Обединетите нации официјално да го признае самопрогласениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, за шеф на државата. Вашингтон во моментов работи на соодветна нацрт-резолуцијата, изјави Пенс на седница на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Пенс уште порача дека актуелниот амбасадор на Венецуела во ОН мора да биде лишен од признавањето, и директно му се обрати на дипломатот Самуел Монкада. „Со сета почит, г-дине амбасадор, Вие не треба да бидете тука, треба да се вратите во Венецуела и да му кажете на Николас Мадуро  дека е време тој да замине".

Фотографија: Reuters/C.G. Rawlins

„САД подготвуваат терен за инвазија“

Пенс потврди дека САД ќе продолжат да вршат економски и дипломатски притисок врз Венецуела за да обезбедат „мирна транзиција". Истовремено, потпретседателот повторно нагласи: „Сите опции се на маса".

Повеќе:

-Се бара одземање на имунитетот на Гуаидо

-Дали во Бугарија се „переле“ милиони „валкани долари“ од Венецуела?

-Загатката за руските војници во Венецуела

Амбасадорот на Венецуела во ОН, Самуел Монкада, возврати со обвинување дека американската влада ѝ се заканува на неговата земја со војна и оти се подготвува терен за инвазија.

Според него, хуманитарната криза во Венецуела е директен плод на планот за економско уништување кој го составиле САД и Велика Британија. Целта е предизвикување на социјална имплозија која можат да ја искористат како повод за воена интервенција и воспоставување на марионетска влада која би ја предводел опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, рече амбасадорот на Венецуела во ОН.

   

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми