1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Битка на стримовите: сите против Нетфликс

Софи Шимански
24 август 2019

Нетфликс долго време на традиционалните концерни за медиумска забава им ги крадеше муштериите. Тие сега го враќаат ударот и почнуваат да нудат свои услуги за стримнг на содржини. Конкуренцијата е јака.

Videostreaming-Firma Netflix
Фотографија: picture-alliance/dpa/B.v. Jutrczenka

Споредено со Волт Дизни која постои веќе 100 години Нетфликс е релативно млада компанија, едвај 21 година. Сепак Нетфликс има една предност во однос на креаторите на Мики Маус и Кралот на лавовите: веќе една деценија има платформа за онлајн видео емитувања и 150 милиони претплатници во светот. Со тоа актуелно е најуспешен понудувач на видеострим во светот. Најголем конкурент е Амазон, чие премиум членство вклучува и видеопонуди. Според податоци од компанијата, актуелно имале преку 100 милиони такви клиенти. Нејасно е колку од нив де факто го користат видеостримингот, новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на интерни документи од концернот тврди дека се 26 милиони лица. Потоа следат Гугл и Јутјуб со 1,3 милијарди корисници во светот, но тие немаат месечни претплати.

Конкуренцијата привлекува конкуренција

За најдоцна една година конкуренцијата на американскиот пазар која сега ја сочинуваат Нетфликс, Амазон Прајмвидео, Хулу и ХБО ќе биде засилена. Дизни и кабелски оператори како ЕјТиендТи сакаат да “лапнат” дел од колачот и веќе се позиционираат со преземање други концерни. ЕјТиендТи во 2018 го презема медиумскиот концерт Тајм Ворнер, па од тогаш и платениот канал ХБО и неговата платформа за стримување „ХБОНау” е во сопственост на компанијата. Компанијата Дизни која со канали како Дизни и ЕјБиСи одамна е во телевизискиот бизнис, пролетоска презема големи делови од медиумскиот концерн Твентифрст Сенчури Фокс. Со тоа и стриминг услугата Хулу сега е во сопственост на империјата Дизни.

И Епл се вмешува

Ќе има и нови платформи. На 12 ноември Дизни во САД почнува со своја стриминг услуга, „Дизни плус”. Производителот на АјФон, Епл, на есен ќе ја претстави и пушти во употреба во 100 земји својата услуга “Епл ТВ плус”. За да креира свои содржини Епл ги ангажираше Опра Винфри, Ризи Витерспун и Џенифер Анистон. Многу ѕвезди се појавија на настанот за медиумите пролетоска.

Фотографија: Imago Images/Cinema Publishers Collection/Disney Enterprises Inc

Стримингот во подем

На светско ниво се зголемува бројот на корисници на стриминг услуги, а се намалува бројот на гледачи на класични телевизии. Повеќето американски граѓани дури и телевизиските содржини ги гледаат како видеострим, додека во 2017 овој број беше 40%. Американскиот информативен сервис Репортлинкер светскиот пазар за стримување го проценува на 125 милијарди американски долари. Само во САД корисниците месечно трошат 2 милијарди долари за стриминг понуди, покажува студија на консултантската фирма Дилоит. На неделно ниво секој Американец просечно троши исто толку време на стриминг колку и за работа.

И во Германија иста слика

Во Германија користењето на стриминг е помала, но и таму е во пораст покажува истражувањето на јавниот сервис АРД/ЦДФ. Според неа 60 проценти од испитаниците најмалку еднаш неделно гледаат нешто онлајн.

За разлика од класичната телевизија, корисниците на стриминг услуги може сами да одлучат кога нешто ќе гледаат. И за разлика од комерцијалната телевизија на стриминг платформите како Нетфликс и сл., нема прекин на програмата со реклами. Седумдесет проценти од американските корисници исто така веруваат дека традиционалната телевизија не нуди толку добар квалитет, покажува студијата на Дилојт. Поради тоа претплатници ги откажуваат кабелските и ТВ – пакети и се префрлаат на стриминг платформи.

Во САД околу 55% од домаќинствата имаат најмалку по една стриминг претплата.

Сопствена содржина

Стриминг платформите исто така произведувуваат и сопствена содржина Нетфликс се прослави со сериите „Хаус оф кардс“, „13 причини„ и „Портокаловото е новото црно“. Особено успешна беше серијата „Стрејнџер тингс“ чија последна сезона имаше меѓу 30 до 40 милиони гледачи – во зависност од тоа дали им верувате на бројките од институтот Нилсен или на Нетфликс.

Исто толку успешна беше серијата „Игра на тронови“ во продукција на ХБО. Само последната епизода имаше околу 19 милиони гледачи. Меѓу популарните содржини нема да недостасуваат ниту Дизни содржини. Кога во ноември ќе стартува “Дизни плус“, таму ќе може да се гледаат сите класици на концернот, меѓу кои и Стар Ворс и омилените анимациски филмови на студиото Пиксар. Од друга страна Дизни нема да го обноват договорот за стриминг со Нетфликс, така што сите овие содржини нема да може да се гледаат таму. 

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/HBO/M. B. Polay

За возврат Дизни ќе мора да се откаже од големите приходи. Од 2012 година Нетфликс на Дизни му исплаќаше годишно околу 300 милиони долари за да ги стрима филмовите на концернот, проценува магазинот Рикод.

Борба за цени

Битката меѓу платформите не е само за содржината, туку и за цените. Најниската претплата на Нетфликс веќе не е осум, туку девет долари, а најскапата 16 долари. Компанијата сега ги покачи цените бидејќи им се потребни пари за нови продукции – особено сега, кога Дизни и други ги повлекуваат своите содржини од платформата.

Од друга страна почетниот пакет за „Дизни плус“ ќе чини месечно седум долари.

Клиентите лесно можат да ги менуваат провајдерите со оглед на тоа дека сите претплати може да се откажат на месечно ниво, со што дополнително ги ставаат под притисок. "Се работи за голема конкуренција и борба“, вели Брет Сапингтон, аналитичар од Паркс Асошиетед. Со појавата на секој нов провајдер на пазарот поголем е ризикот корисниците повторно да се префрлат на нова платформа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми