1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БиХ- земја без бездомници

10 февруари 2012

Во време кога организираните земји обезбедуваат кревети и нужно сместување за премрзнатите бесдомници, БиХ нема слични проблеми. Има ли во оваа земја сепак бездомници.

Фотографија: Fotolia/paul prescott

Човек под мост, во картонска кутија на железничка станица или склупчен во некој куќен влез, слика која може да се види во поголем број држави. Зоран Ѓурановиќ шест месеци живеел како бездомник во Париз и вели дека оваа категорија луѓе е прилично упадлива во цела Европа.

„Бездомникот е лесно забележлив, има куп облека кај себе, бара ситни пари од минувачите. Кога се најдов во Франција како бегалец, во Париз шест месеци живеев живот на бескуќник. Спиев на различни места, пронајдов куќен влез кој беше загреван и внатре имаше дури и фотелја. Таму поминав триесет дена“, раскажува Зоран, кој повторно се вратил во БиХ.

Зоран ЃурановиќФотографија: DW

Но, ваква глетка во БиХ е речиси незамислива. По враќањето од Франција Зоран се населил во наследената куќа на своите родители.

„Веќе не сум бездомник, имам куќа, тешко живеам, но имам добри соседи, другари, овде луѓето се многу пријатни и добри“.

Нема статистички податоци

„Како и многу други, и ова прашање во БиХ е специфично“, смета професорот по социологија Амир Зејнилагиќ.

„Не постојат утврдени критериуми ниту ажурни статистички податоци за таа категорија луѓе и тоа мораме да го разгледуваме од случај до случај“.

Кога случајните минувачи ќе ги прашате дали познаваат некој бездомник, слично одговараат.

Мустафа мисли дека ги има, но не се видливи.

Амир ЗејнилагиќФотографија: DW

Сеад вели дека многу патува, но дека никогаш не видел бездомник, додека неработници има цел куп.

Јасмин смета дека капитализмот во БиХ се‘ уште не заживеал со полн капацитет и уште не е дојдено до такво раслојување меѓу луѓето.

„Важна улога игра традицијата во општетсвото“, истакнува Јасминка Беговиќ, директорка на Центарот за социјална работа.

Јасминка БеговиќФотографија: DW

„Ако се појави бездомник, веднаш реагираат комшиите, роднините, месната заедница, се наоѓа решение и мал број луѓе завршува во некои институции“.

„Во народните кујни има многу корисници, но бездомници нема поради солидарноста која се‘ уште владее меѓу луѓето. Преку оваа работа секојдневно контактирам со голем број луѓе, но искуството досега покажува-соседите не дозволуваат покрај нив некој да заврши како бездомник“, вели управникот Ибрахим Шербеџиќ.

Ибрахим ШербеџиќФотографија: DW

Традицијата игра голема улога

Бездомник според некои дефиниции е „лице или семејство без покрив над главата“. Но, колку студии за бездомниците, толку и дефиниции, вели професорот Зејнилагиќ.

„Бездомниците се веројатно присутни и во БиХ, но поради шумата прописи и неадекватен однос на властите кон нив, тие се специфични и неевидентирани како категорија“.

Татко во старски дом, гладен сосед или бездомник на улица-во културата на овдешните народи се неприфатливи работи. И оние кои едвај составуваат крај со крај сепак имаат покрив над главата. Тешко е да се наречат бездомници, на што укажува самиот збор, иако сигурно се наоѓаат во тешка ситуација.

Автор: Мирсад Чамџиќ/ Ж. Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми