1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БИХ РЕАКЦИИ

17 мај 2004

Претседателот на советот на министри на БиХ АднанТерзич најави дека службено Сараево може да воведе остри противмерки за хрватските државјани како одговор на неодамнешната одлука на хрватските власти,државјаните на БиХ за секој ден планиран за туристички престој во Хрватска мораат да имаат по 100 Евра

Kако што пренесуваат медиумите Терзич за Дневен авас изјавил, дека советот на министри на БиХ може да донесе одлука по која хрватските граѓани при влез во БиХ ќе мораат да имаат по 500 евра за секој ден престој. Властите во Сараево, сеуште не се службено известени за владината уредба, но хрватските претставници во БиХ повеќепати нагласуваа, како со неа не се сака да се дискредитираат туристите од БиХ, туку дека станува збор за упатство од граничната полиција во случај да се процени како одредени странци нема да можат да ја финансираат својата посета на Хрватска.

Се потсетува, дека претходно на сила била уредбата за поседување дури на 175 евра но таа не се применувала за граѓаните на БиХ. Терзич најави дека на состанокот со премиерот Иво Санадер предвиден за средината на јуни, ќе побара објаснување за содржината на уредбата. Ако се има предвид, дека повеќе граѓани на БиХ и ова како и пртетходното лето планираат да се одмараат во Хрватска, се очекува пред почетокот на туристичката сезона да се отстранат сите недоразбирања.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми