1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Благодариме Твитер! Но, што е со Фејсбук?

Мартин Муно
2 ноември 2019

Одлуката на шефот на Твитер да се воздржи од политичко рекламирање е исправна. Таа покажува дека оваа платформа презема општествена одговорност. Но, и другите треба да ја следат, смета Мартин Муно.

Twitter Logo
Фотографија: Imago Iamges/Zuma/J. Arriens

Експлозивна вест – каде ако не на Твитер? Шефот на твитер, Џек Дорси најави дека од 22 ноември веќе не прифаќаат политичко рекламирање. Со зборовите „веруваме дека опсегот на политички пораки мора да се заслужи, наместо да се продава," отвори голема дебата и многубројни твитови во врска со одлуката. Дорси кој на Твитер е само Џек, јасно стави до знаење кон што цели: од една страна е влијанието кое го има платената реклама, а од друга се опасносите со кои социјалните медиуми треба да се справат во целина. Дорси ги нарекува „машинска базирана оптимизација на испраќање пораки и микро-таргетирање, непроверена погрешна информација и ‘дип-фејк’. Сето тоа со огромна брзина, софистицираност и во голем обем“.

Нови правила на игра – и за политичарите

Забраната за вакви реклами е чекор потаму за да се спречи ширење на лажни вести, ширење на навредлива и иритирачка содржина. Пред две недели платформата воведе нови правила на игра: твитови со кои се велича тероризам, се заканува насилство или се нарушува притваноста, може да бидат избришани.

Повеќе: 

-Пред изборите за Конгресот, Твитер избриша 10.000 лажни профили

-Крадецот на податоци, Твитер и ние

-Твитер блокира германска политичарка од АфД

Исто така и политичари кои не се држат до правилата, може да бидат санкционирани со тоа што нивните твитови нема да може да бидат ретвитувани или да им се стисне лајк. Новите правила доаѓаат во време кога политичките партии во САД се подготвуваат за претседателските избори во 2020 година – изборна кампања за која се стравува дека ќе биде многу валкана. Не случајно тимот за кампања на актуелниот претседател и редовен твитерџија Доналд Трамп, овие ограничувања за политичарите ги оцени како акт на цензура и глупавост.

Мартин Муно, автор на коментарот

Исклучително важната улога на вистината

Двете одлуки не се само морално исправни и покажуваат дека извршниот директор на важна социјална мрежа е подготвен да сноси и општествена одговорност. Тие се воедно и итри бидејќи Дорси се откажува од приходи од реклами, но само во мал дел. Приходите од политички реклами на Твитер се само промил од вкупните приходи.

Симболичната содржина на новиот курс на Твитер е многу повисока. Со засилената регулација и забраната за реклами Дорси и други медиуми и особено гигантот Фејсбук се под притисок. Шефот на Фејсбук Марк Закерберг тера друга политика: повеќе пати нагласи дека му значи дали содржините се точни или погрешни, без разлика дали се спонзорирани или обични постови. Фејсбук сака покрај тоа деснорадикалниот пропаганден портал од Стив Бенон „Брајтбарт” да го вклучи во понудата на пакет висококвалитетни вести кои во претстојните месеци ќе се понудуваат во цела Америка. Тоа Закерберг подразбира под слобода на говор. Но, таквото разбирање за слобода на говорот поврзано со најмодерна техника, е кадарно да ги уништи нашите слободни општества. За да може да бидеме просветлени граѓани кои носат свесни одлуки на избори, мора нужно да знаеме дали некоја порака е вистина, или не. Тоа да се препознае и конкретно да се делува е заслуга на Џек Дорси. Тоа не е револуционерен чекор, но би можел да биде почеток за цивилизирање на социјалните медиуми. Благодариме за тоа, Твитер! Благодариме, Џек!

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми