Блатер размислува за воведување техника во фудбалот
29 јуни 2010
Дебатата за воведувањето техника како помош за фудбалските судии, особено се разгоре по недосудениот чист гол за Англија на мечот со Германија и за погодокот од офсајд на Аргентина во натпреварот со Мексико.
ФИФА досега молчеше или одбегнуваше да коментира, но денеска нејзиниот претседател Сеп Блатер вети дека повторно ќе биде отворена расправата за воведување на видео техниката на гол линијата. „По досегашните искуства од ова СП би било нонсенс повторно да не се отвори темата за техниката на гол линијата“, рече Блатер кој им се извини на репрезентациите на Англија и на Франција кои беа оштетени од судиските грешки во осминафиналните натпревари.
Блатер меѓутоа јасно укажа дека дебатата ќе се разговара само за техниката за докажување на одлуките, за тоа дали топката ја минала гол линијата или не, а не и за видео доказот за офсајд ситуации или други спорни моменти во натпреварот.
Застапниците на воведувањето на техниката за помош на судиите каква што има во други спортови веќе со години предлагаат најразлични решенија, кои ФИФА досега одлучно ги отфрлаше. За какви решенија станува збор и кој го одлучува за тоа дали ќе бидат прифатени дознајте повеќе од прилогот на Јулија Мецнер.
Автор: СН/ АТ/ ртре
Редактор: Александра Трајковска