1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блинкен – ревитализација на НАТО и критики за Северен тек 2

ЖА / дпа
23 март 2021

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен на својата прва посета на Европа во куферот донесе непријатна порака за германската политика.

Belgien Treffen der NATO-Außenminister in Brüssel Antony Blinken
Фотографија: Yves Herman/AFP

Учеството на Ентони Блинкен на средбата на НАТО-министрите за надворешни работи во Брисел денеска имаше цел и да даде сигнал - САД повторно ги делат истите вредности со своите сојузници по „леденото доба“ за време на Трамп. 

Но, континуираниот спор околу гасоводот Северен тек 2, кој доаѓа од Русија, ги засенува напорите за нов почеток во германско- американските односи. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кратко пред својата прва средба во живо со шефот на германската дипломатија Хајко Мас, повторно побара стопирање на проектот,не исклучувајќи натамошни санкции за негово спречување.

Претседателот Џо Бајден многу јасно кажа дека проектот го смета за лоша идеја за Европа и за САД, изјави Блинкен во Брисел, на маргините на советувањата на министрите за надворешни работи на НАТО. Северен тек 2 е противречен на сопствените цели на ЕУ во енергетската сигурност, а има и потенцијал да ги подрие интересите на Украина, Полска и цела низа блиски партнери и сојузници.

Мас порано изразуваше надеж дека германско-американското партнерство може да живее и покрај разликите во поглед на гасоводот.

Инсистирањата на САД во поглед наСеверен тек 2 се бризантни пред сѐ поради тоа што гасоводот со неговите два околу 1230 километри долги крака е веќе 90 проценти изграден. Тој во иднина би требало да донесува 55 милијарди кубни метри гас годишно од Русија кон Германија.

САД го правдаат одбивањето на проектот со од нејзин аспект преголема зависност на нивните европски партнери од руски гас и во јануари веќе воведоа санкции против концерни учесници во градбата. Приврзениците на гасоводот тврдат дека САД имаат единствено интерес на Европа да ѝ го продаваат својот скап течен гас.

Германската влада досега исклучуваше политичка интервенција во стопирање на проектот. Освен тоа, Берлин аргументира дека политика на економска изолација на Русија крие големи опасности. Истовремено, се прават напори да се избегне огромна и скапа градежна руина – по завршувањето на изградбата, работата на гасоводот може да биде поврзана со одредени услови, се предлага од Берлин.

Меѓу Германија и САД постои и отвореното прашање околу иднината на мисијата на НАТО во Авганистан. На денешната средба со своите колеги во Брисел, американскиот државен секретар Ентони Блинкен имаше тешка задача да ги убеди да имаат уште трпение во врска со американската одлука за повлекување од Авганистан. Во Алијансата расте загриженоста дека НАТО трупите наскоро повторно ќе станат цел на авганистанските радикални талибанци. Германскиот министер Хајк Мас инсистира на јасност и заради избегнување евентуално насилство врз војниците на Бундесверот стационирани во Авганистан. 

Американскиот претседате Џо Бајден веќе укажа дека комплетно повлекување до 1 мај би било тешко изводливо. Владата на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, на талибанците им најави комплетно повлекување на странските трупи од земјата до 30 април, а Бајден даде налог за проверка на договорот, откако мировните преговори меѓу владата во Кабул и талибанците не донесоа успех.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми