1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блискиот исток на крстопат

20 август 2006

Генералниот секретар на Обединетите нации ја осуди последната израелска воена акција во Либан како повреда на примирјето договорено во светската организација. Имено, вчера специјални единици на израелската армија со поддршка на военото воздухопловство нападнаа биро на висок претставник на Хезболах.

Блискиот исток меѓу демократија и тероризам
Блискиот исток меѓу демократија и тероризамФотографија: AP

Израелската армија соопшти дека акцијата служела за самоодбрана што го дозволува резолуцијата на Обединетите нации. Цел била да се спречат испораки на оружје за Хезболах од страна на Сирија и Иран. Се додека либанската армија или трупи на Обединетите нации не се поставени, испораките на оружје за Хезболах и натаму ќе бидат спречувани со воени средства, изјави министерот за екологија Гидеон Езра кој се смета за многу близок приврзеник на премиерот Ехуд Олмерт.

Во меѓувреме и во Германија продолжуваат дебатите околу учеството на земјата во предвидената мисија на светската организација во Либан. Германската канцеларка Ангела Меркел го брани планираното германско учество во мировната мисија на Блсикиот исток. Германија има историска одговорност во регионот, изјави таа во едно новинско интервју дополнувајќи дека правото на Израел на егзистенција му припаѓа на германскиот државен резон. Не станува збор за тоа само да се гледаат опасностите, туку да се прифатат шансите во меународниот сојуз да се обезбеди мир на Блискиот исток. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, пак, во интервју за весникот „Билд ам зонтаг„ изнесе идеја за создавање Конференција за безбедност и соработка на Блискиот исток по примерот на европската создадена за надминување на студената војна во Европа. Според Штајнмајер, не треба да се избрзува и идејата треба постепено да се разработува, но најбитно е да се помага приближувањето меѓу Израелците и Палестинците за да се реши сржта на блискоисточниот конфликт.

За збор се јави и американскиот претседател Џорџ Буш во редовното радио-обраќање до нацијата. Тој вчера изнесе став дека Блискиот исток се наоѓа на крстосница: регионот се наоѓа на централна точка од својата историја кога треба да се реши меѓу демократијата и екстремизмот изјави вчера Буш:

„Конфликтот во Либан е дел од битката меѓу слободата и тероризмот. Терористите и нивните спонозори гледаат дека Блискиот исток се наоѓа на централната точка. Слободата им донесе надеж на милиони што помага за развојот на младите демократии од Багдад до Бејрут, рече Буш и дополни:

„Ови млади демократии се уште се кревки, па силите на теророт по секоја цена сакаат да ги спречат предностите на слободата и ги туркаат земјите кон радикализам. Терористите се плашат од демократијата бидејќи знаат што значи таа за нивната идеологија на омраза„.

Затоа, оцени Буш, не е случајно што Либан и Ирак, кои се наоѓаат во срцето на изградбата слободни општества на Блискиот исток, истовремено се и простори за насилничките терористички активности.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми