1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Блиски Исток: Инцидент или најава на нов конфликт?

СН/агенции
20 јули 2021

По испуканите две ракети од Либан кон територијата на Израел, следуваше одговор на израелската артилерија. Мировната мисија на ОН, Унифил, најави истрага и повика на воздржаност

Israel I Raketenbeschuß
Фотографија: Ahmad Gharabli/AFP/Getty Images

Израелската војска соопшти дека нејзина артилерија го гранатирала јужен Либан рано утрината како одговор на две ракети испукани од Либан кон територијата на Израел.

Како што е наведено, противвоздушната одбрана пресретнала една од ракетите, а втората паднала на отворено подрачје. Извештаи за повредени и за штети нема. Мировната мисија на ОН, Унифил, за Либан најави истрага и повика на воздржаност

Ракетниот оган од Либан е прв таков прекуграничен инцидент од мај кога палестинските екстремисти успукуваа ракети на Израел за време на 11-дневната војна меѓу израелската војска и ектремистите на Хамас, кој владее во Појасот Газа.

Повеќе:

-Газа: „11 дена како 11 години“

-Судир Израел – Хамас: Уште колку долго ќе мирува Хезболах?

-Израелско-палестинскиот конфликт им одговара (речиси) на сите

Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, соопшти дека Либан е одговорен за ракетниот оган за време на ноќта. „Израел ќе делува против секоја закана на својот суверенитет и на своите граѓани“, наведе тој. „Нема да дозволиме општествената, политичката и економската криза во Либан да се претвори во безбедносна закана за Израел.“

Либан е соочен со големи кризи, вклучувајќи и економски крах, што поттикна загриженост за засилување на милитарните тенденции.

До инциденот дојде неколку часа откако еден сириски официјален претставник изјави дека Израел извршил воздушни северно од сирискиот град Алепо.

Сириската државна новинска агенција јави оти противвоздушната одбрана пресретнала поголем број од ракетите.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, која ја надгледува граѓанската војна во земјата, соопшти дека цел на израелските удари биле магацини на оружје кои им припаѓаат на проиранските екстремистички организации во регионот.

Израел изврши повеќе напади на Сирија во изминатите години, целејќи ирански сили и конвои со оружје неменети за проиранскиот Хезболах во Либан. Израелската војска ретко ги коментира овие удари.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми