1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Блиски Исток: Ново насилство по примирјето

СН/агенции
21 мај 2021

Неполни 12 часа по стапувањето во сила на прекинот на огнот во конфликтот во Газа, дојде до нови улични судири меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили во Ерусалим и на Западниот Брег.

Israel Ausschreitungen Al-Aqsa Moschee in Jerusalem
Фотографија: Ahmad Gharabli/AFP/Getty Images

Според светските новински агенции до избувнување на безредија и насилство најнапред дошло кај џамијата Ал-Акса во Ерусалим. Портпарол на израелската полиција изјави дека стотици млади Палестинците фрлале камења кон полицајците, па безбедносните сили морале да преземат мерки. 

Според палестинските здравствени работници, 15 лица биле повредени откако полицијата, меѓу другото, користела гумени куршуми против палестинските демонстранти.

Фотографија: Ahmad Gharabli/AFP/Getty Images

Токму вакви судири кај џамијата Ал Акса неодамна доведоа до ескалација на конфликтот меѓу Израел и исламистичкиот Хамас во Појасот Газа.

Повеќе:

-По примирјето на Блискиот Исток: радост и скепса

-Фотографија на денот: Прослава на примирјето

-Ердоган долева масло на огнот – го нарекува Израел „терористичка држава“

Фотографија: Menahem Kahana/AFP/Getty Images

Освен овие инциденти во Ерусалим до помали судири дошло и на контролните пунктови во градовите Рамала, Витлеем и Наблус, на Западниот брег. Таму денешниот петок е прогласен за „Ден на гневот“.

Во конфликтот во Газа, прекинот на огнот со посредство на Египет е во сила од рано утрината.  Израелската војска и палестинското исламистичко движење Хамас досега се придржуваа до примирјето.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми