1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блискоисточната мировна конференција на 27 ноември

21 ноември 2007

*

Меѓународната мировна конференција за Блискиот исток ќе се одржи на 27 ноември во градот Анаполис во америкакнската сојузна држава Мериленд, објави Стејт департментот. Освен Израел и претставници на Палестинците, на конференцијата се поканети и повеќе арапски држави меѓу кои и Сирија и Саудиска Арабија. Вашингтон се надева дека конференцијата ќе биде почеток за преговори за формирање на палестинска држава. Конференцијата ќе трае три дена. Државите од Арапската лига на дводневен состанок кој утре почнува во Каиро ќе одлучат дали ќе учествуваат на конференцијата во САД. Израелските власти денеска соопштија дека ќе испорачаат 25 сдпецијални борбени возила и муниција за потребите на силите за безбедност на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Оружјето е наменето за борбите против припадниците на Хамас во градот Набулс.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми