1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блог, комуникација модерна кај сурферите на интернет

2 декември 2005

Победникот на Блогс Аворд 2005, веблог натпреварот на Дојче Веле веќе е познат. „Повеќе респект, мајка сум ти!“ ова е насловот на блогот, годинешен победник на натпреварот за најдобар онлајн дневник.

Интернет понудата на Дојче Веле оваа награда ја доделува по вторпат со цел интересните веблогови да доживеат своја премиера.

Во натпреварот учествуваа над 2.500 веблогови на девет јазици во 13 категории, а повеќе од 100.000 корисници од целиот свет се вклучија во онлајн гласањето.

Ернан Качари, кој е победник во категоријарта „Бест Вебблог“ е млад писател од Аргентина. Тој успеа да се пробие во релативно нова категорија – Блогновела. Овој збор е кмбинација од блог значи интернет дневник и теленовела, јужноамерикаснки телевизиски роман. Значи ова е еден вид роман во продолженија на интернет.

„Повеќе респект, мајка сум ти“ е насловот на веблогот, кој го водеше Качари околу две години, а има повеќе од 200 поглавја. Блогот раскажува приказна за аргентинско семејство од средна класа. Главната улога и е доделена на Мирта, мајката која преку црн хумор ги претставува големите и малите проблеми во семејството – невработениот сопруг, свекорот кој пуши хашиш и трите деца во пубертет. Зошто одбра токму жена на средна возраст како глас за неговата блогновела Качари вели:

„Бидејќи тоа е мојата мајка и оти Мирта ме потсеќа на гласот на мојата мајка. Не ми паѓа тешко да ја имитирам мајка ми кога пишувам.“

Овој интересен е блог е најчитаниот шпански блог на интернет, и има околу 15.000 читатели дневно, кој се забавуваат и со приказната но и со вицкастите илустрации. Во меѓувреме „Повеќе респект, мајка сум ти“ објавена е како книга. Авторот Качари не случајно го одбра интернетот како прво место за објавување

„Јас сум новинар и писател. Од секогаш му се воодушевував на аспектот во новинарството имено брзината и можноста брзо да се публицира. Но новинарството има и лоша страна: Секогаш мора да се каже вистината. Литературата ја нуди предноста да може да се лаже. Но лошата страна е што е спора. Си седиш дома затворен и пишуваш цела година, а притоа незнаеш дали некому ќе му се допадне. Она што особено го сакам кај блогновелата е што можат да се комбинираат добрите страни на новинарството и литературата, а лошите страни едноставно може да отпаднат.“

И за другите победници на натпреварот на Дојче Веле конкуренцијата беше голема. Во категоријата најдобар новинарски блог имаше две победнички на персиски и на германски јазик.

За жал натпреварот беше засенет поради блокирање на еден веблог во Кина. Организацијата „Репортери без граници“ – инаку партнер на натпреварот, јавно протестираше и додели специјална награда на веблог кој особено се заложи за слобода на мислењето – египетстскиот блог „ Брзиот залак на Манал и Алаја“

Блоговите стануваат се попопуларни и во арапскиот свет. Причина: Тие нудат големи можности за новинарстовото и за литературата како што вели и Ернан Качари

„Во основа преку блоговите може да се раскаже приказна, која стои во сооднос со сегашноста. Во втора линија корисниците може да комуницираат со главната личност. Трето многу читатели истото го читаат во исто време. Може и да разговараат за тоа како се развива приказната. Овие три работи неможе да се раеализират кога некој чита или пишува книга на класичен начин.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми