1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блокада на „небесните ветрови“ над Балканот

Азер Слањанкиќ/сн30 април 2016

Германските истражувачи со анализа на сателитските податоци открија зошто Србија и БиХ беа погодени од катастрофални поплави во 2014 година. Предупредуваат од екстремни временски состојби и во иднина.

Фотографија: Reuters

Во мај 2014 година појасот на низок притисок „Ивет“ стоеше над Србија и Босна и Херцеговина како закован. Дожд лееше и лееше. Последица беа катастрофални поплави кои нанесоа материјални штети во милијарди а имаше и човечки жртви.

Зошто „Ивет“ остана толку долго над Балканот, беше прашањето кое себеси си го поставија експертите од Институтот за истражување на климата од германскиот град Потсдам. Вообичано е облаците во таков појас на низок притисок, кој инаку се формита над Атлантикот, од западот на Европа да се префрлат кон исток. Откако беа прегледани метеоролошките показатели, вклучително и сателитските снимки и другите податоци за метеоролошките услови, научниците дојдоа до заклучок дека „застојот“ на облаците на едно место има врска со ветровите во горните многу високи слоеви на атомосферата. Метеоролозите тие ветрови ги нарекуваат „џетстрим“.

Тие ветрови се постојано присутни околу горната Земјина полутопка, и ја опфаќаат како прстен. Тој прстен не е прав, туку кривулест. Кривините на тој прстен, кружејќи околу Земјата како бран, постојано се поместуваат кон север или кон југ. Тие бранови се нарекуваат „Росби“ бранови. Кога кривината се поместува кон север, тогаш онаа од југот повлекува со себе врел воздух од Средоземјето односно предизвикува високи температури. И обратно, патувајќи кон југ, кривината со себе повлекува ладен воздух од Северниот пол.

Фотографија: NASA/Goddard Space Flight Center

Во нормални услови тоа поместување се одвива без престан. Во изминатите години истражувачите на климата дојдоа до заклучок дека т.н. „Росби“ бранови сѐ почесто запираат „Закривувањето“ едноставно престанува. „Џетстрим“ ветровите тогаш еден одреден период продолжуваат да се движат секогаш преку исти подрачја, не поместувајќи се ни на север ниту на југ. А тогаш како ослободени од стегите, „Росби“ брановите сѐ повеќе ги занесуваат кон север, односно кон југ, објаснува Штефан Рамшторф од споменатиот институт во Потсдам.

Блокирани „Росби“ бранови- блокада на облаците над Балканот

Сите податоци кои ги собраа Рамшторф и неговите колеги говорат во прилог на тоа дека токму таков застој во бранувањето, односно во закривувањето на „џетстрим“ ветровите довело до катастрофалните поплави над Србија и над БиХ во 2014 година, односно до „застој“ на облаците над целиот регион. „Нашите податоци не можат да ни бидат конечен доказ дека тоа навистина било така, но тие се многу индикативни, особено ако се земе предвид дека комплетно иста ситуација имавме над Германија во 1997 година, кога се случија катастрофални поплави на сливот на реката Елба“, вели Дим Киму кој учествуваше во изработката на студијата.

Според мислењето на овие експерти, повод за застоите е промената на климата. Имено бранувањето, односно закривувањето на „џетстрим“ ветровите е последица на големите температурни разлики меѓу воздухот кој се наоѓа над Северниот пол и оној кој се наоѓа над Средоземјето. разликата во температурата е 2моторот “ кој го покренува закривувањето. Како што се зголемуваше темеретурата на воздухот на Северниот пол, така сѐ помала стануваше и разликата во температурата меѓу воздушните маси- што пак како резуултат има повремено намалување на „бранувањето“.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Студијата покажа дека мора да сметаме на тоа дека сѐ почесто ќе бидеме сведоци на екстремни временски состојби, како оние во мај 2014 година. Во изминатите десет години сѐ почесто се бележи појавата на застој на „Росби“ брановите, односно појави при кои над едно подрачје стои „заор4бен“ дожд а над други владеат екстремни горештини. Кон тоа во прилог оди и фактот дека бројот на поројни дождови над Балканот во изминатите 60 години двојно се зголемил. „ Резултатите од нашите истражувања пружаат сѐ повеќе докази дека аномалиите на планетарниот ветер „џетстрим“ можат да придонесат кон предизвикување екстремни метеоролошки ситуации. Она што не загрижува е тоа дека актуелните климатски промени ги подобруваат условите кои доведуваат до застој на „Росби“ брановите, вели Штефан Рамшторф.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми