1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе можат ли милијардерите да живеат вечно?

Нилс Цимерман
17 март 2018

Неколкумина милијардери, повеќето од Калифорнија, финансираат фирми кои развиваат технологии за продолжување на животот. Што доколку успеат? Што доколку денешните милијардери живеат вечно и продолжат да се богатат?

Symbolbild DNA Probe Y-Chromosom
Фотографија: picture-alliance/dpa

Минатиот месец претприемачот и промотор на технологии на иднината Петер Диамандис најави дека станал ко-сопственик на нова компанија наречена „Селуларити“. Негов партнер е доктор Боб Харири, познат биомедицински претприемач автор на иновации во собирањето на матични клетки од плацента. Целта на новата компанија, според она што е наведено на нејзината интернет страница, гласи: „Селуларити се обидува да ги претвори 100-годишниците во 60-годишници, и да им овозможи на луѓето максимална естетика, мобилност и сознанија како што стареат“.
Според Диамандис, Селуларити е „родена над линијата на суперкредибилност, со обезбедени 250 милиони долари во фондови“ од повеќе компании и инвеститори. Јасно е дека компанијата има сериозни фондови. Но дали поседува сериозна научна база? Веројатно е дека одговорот на тоа прашање е, да. Матичните клетки се многу ветувачки за регенеративната медицина, а фокусот на Селуларити е во употребата на матичните клетки за регенерација на ткива и органи во остарени тела.
„Студиите покажуваат дека како старееме, бројот на матични клетки во нашите органи и ткиво драстично опаѓа, намалувајќи ги шансите на нашето тело да заздравува и да се опоравува... Со обновување на резервоарот на матични клетки на постојана основа, можеме да ја продолжиме нашата долговечност“, се наведува на страницата на Селуларити.

Лери Елисон, сопственикот на Оракл е еден од милијардерите кој инвестира огромни суми во медицински истражувањаФотографија: AP

Бесмртност до 2030?

Заедничкиот потфат на Диамандис и Харири е последниот пример на веќе етаблираниот феномен во Силиконската долина: екстремно богати технолошки оптимисти со години финансираат компании кои се обидуваат да постигнат бесмртност за своите газди. Меѓу познатите имиња се и оние на Лери Елисон (основач на Оракл), Лери Пејџ и Сергеј Брин (основачи на Гугл), Џеф Безос (основач на Амазон) и Питер Тил, ко-основач на ПејПал.
Во февруари годинава, Диамандис испрати имејл до своите корисници: „Ги прашав најумните луѓе кои ги познавам за нивните предвидувања во следните 20 години. Какви откритија можеме да очекуваме во нашето одбројување до Сингуларноста?“ 

Кинеските научници клонираа мајмуни

01:26

This browser does not support the video element.

Повеќе на темата:Пронајден „изворот на младоста“ - со лимонска киселина?
Едно од предвидувањата кои тој ги набројува е и она дека до 2030 година, „човештвото ќе постигне Забрзана долговечност (Longevity Escape Velocity) или скратено ЛЕВ за најбогатите“.
Забрзаната долговечност, според речникот на Диамандис и неговите технолошки колеги, е точка по која, со секоја измината година, очекуваниот животен век на оние кои имаат пристап до најдобрата регенеративна медицинска технологија ќе се зголемува за повеќе од една година. Тоа значи дека со малку среќа и внимателно менаџирање на ризиците, неколку поединци ќе можат да се надеваат на вечен живот.
Клучната поента е дека Диамандис и неговите пријатели се надеваат дека за малку повеќе од една деценија, ЛЕВ ќе биде можен за најбогатите.
Тоа звучи логично: на почетокот, регенеративната медицина ќе биде прескапа. Веројатно ќе биде потребна уште една деценија за технологиите за продолжување на животот да им станат достапни на поширок круг луѓе. Но едно е сигурно: доколку ЛЕВ технологијата е реалистична, таа ќе биде постигната и имплементирана, а нејзините први корисници ќе бидат милијардерите кои ја финансирале.

Надежите се дека бесмртноста ќе може да се постигне за една деценијаФотографија: picture-alliance/Chromorange/Bilderbox

Импликациите од бесмртноста

Две фундаментални политичко-економски прашања се наметнуваат поради очекуваното доаѓање на ЛЕВ. Првото гласи: доколку милиони, дури и милијарди луѓе живеат стотици години, како ќе се спречи експлозија на бројот на населението?
Повеќе на темата: - Иднината на живеењето - роботизирано и вмрежено
Одговорот е дека тоа ќе мора да се компензира со намалување на стапката на новородени деца, а децата ќе станат реткост.
Второто прашање е: дали е човечката цивилизација подготвена да прифати појава на каста на бесмртни супер-богати аристократи? Или човештвото ќе наметне горна граница на агрегација и складирање на лично богатство и сопственички титули?
Доколку ЛЕВ се докаже како технолошки можен, овие две фундаментални прашања ќе мора да се одговорат во следните неколку децении. Живееме во интересно време.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми