1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невиден раст на богатството на супербогатите Кинези

СН/агенции
20 октомври 2020

Кинеските богаташи со имот од над една милијарда долари годинава станале уште многу побогати. Нивното богатство, имено пораснало за дополнителни 1,5 трилиони долари- повеќе од збирот од последните 5 години..

Reichtum in der Welt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Овие податоци се наведени во најновиот извештај Хурун објавен вчера. Според овој извештај до август годинава биле регистрирани 257 нови милијардери во Кина, со што бројот на супербогати во земјата се искачи на 878.

Извештајот Хурун секоја година го објавува истоимената издавачка куќа ; Како резултат на глобалната пандемија на коронавирусот, особено пораснала трговијата преку интернет. Според извештајот, основачот на онлајн-концернот Алибаба, Џек Ма е на врвот на листата на супербогати. Според Хурун, неговото богатство пораснало за 45 проценти на 58,8 милијарди долари - трговијата преку интернет цути во корона-кризата.

Џек МаФотографија: Getty Images/AFP/P. Lopez

На второ место е Пони Ма со имот од 57,4 милијарди долари - тој е шеф на интернет гигантот Тенсент. Основачот на компанијата за вода за пиење Нонгфу, Жонг Шаншан се катапултираше на третото место откако концернот излезе на берзата; тој исто така поседува делови од производителот на вакцини Пекинг Вантаи.

Жонг ШаншанФотографија: Jiang Xin/HPIC/dpa/picture alliance

Шефот на Хурун Репорт, Руперт Хогеверф изјави дека „светот никогаш не видел толку новосоздадено богатство во рок од една година“. Годинешното рангирање покажува дека Кина се оддалечува од традиционалните сектори како што се индустријата и недвижностите кон нови деловни линии.

Повеќе:

-Шефот на Алибаба си даде „отказ“

-Отворени граници за богатите Кинези

-Треба ли богатите повеќе да плаќаат?

Основачот на компанијата за испорака на храна „Меитуан“, Ванг Шинг, го зголеми за четирипати своето богатство на 25 милијарди долари во 2020 година, според извештајот Хурун; основачот на платформата за онлајн0трговија JD.com, Ричард Лиу, двојно го зголеми своето богатство на 23,5 милијарди долари.

Според официјалните извештаи, Кина  ја држи пандемија на коронавирусот во голема мерка под контрола, а економијата веќе повторно расте силно. Во 2020 година, Народната Република ќе биде единствената голема економија што може да постигне економски раст. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во минатата недела ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на Кина на 1,9 проценти.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми