Патување
Божикен панаѓур како во Средниот Век
7 декември 2016Реклама
Средновековниот божикен панаѓур во тврдината Зацвеј во областа на планинскиот венец Ајфел на западот на Германија едноставно мора да се посети пред Божик. Панаѓурот е наречен Бургвајнахт а мотото е Средниот век, а главна атракција е сценaта на Христовото раѓање изведувана во живо на латински.
Средновековниот божиќен пазар тука се организира повеќе од 30 години а секоја година за време на четирите адвентски викенди спроти Божик го посетуваат илјадници луѓе кои уживаат во пријатната атмосфера и домашните специјалитети, но и во необичните панаѓурски штандови кои ги враќаат луѓето во дамнешни времиња, токму како и сѐ друго тука. Уверете се и сами преку следново вебвидео: