1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бозбах: Серијата убиства можеби можела да биде спречена

21 ноември 2011

Серијата убиства извршена од десните терористи кои и’ припаѓале на ќелијата од Цвикау, можеби можела да биде спречена, оценува претседателот на Комисијата за внатрешна политика на Бундестагот, Волфганг Бозбах.

Wolfgang Bosbach
Волфганг БозбахФотографија: picture-alliance/ dpa

Доколку безбедносните служби дејствувале „консеквентно“, оценува политичарот на Христијанско-демократската унија Волфганг Бозбах, можеби немало да се случи серијата убиства. По седницата на Комисијата за внатрешна политика на Бундестагот, чиј претседател е, Бозбах изјави дека во случајот имало „низа погрешни проценки“ и непреземање „неопходни мерки“.

Бозбах денеска се заложи за поврзување на покраинските ограноци на тајните служби. Сојузниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих, пак, се изјасни за префрлање на дел од компетенциите на покраинските тајни служби на сојузно ниво.

Што е пропуштено во истрагата?Фотографија: picture-alliance/dpa

За натамошно разјаснување на пропустите кои се направени во текот истрагата за неонацистичката група од Цвикау можеби ќе биде формирана истражна комисија, ќе биде именуван независен иследник или пак експертска група. Мислењата на членовите на Комисијата за внатрешни работи на парламентот денеска се разликуваа околу тоа кое тело би било најсоодветно и најефикасно.

Комисијата за внатрешни работи на Бундестагот се информира околу состојбата во истрагата за ќелијата од Цвикау, која од 2000 година досега е осомничена за најмалку десет убиства. Најголемиот дел од жртвите се мигранти. Утре со темата ќе се занимава и Бундестагот, на пленарна седница.

Автор: ЕМФ/дапд/ртр

Редактор: Г. Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми