1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Болтон нов амбасадор на САД во ОН

8 март 2005

Државниот секретар на американското министерство за надворешни работи Џон Болтон би требало да биде нов американски амбасадор во Обединетите Нации.

Џон Болтон
Џон БолтонФотографија: AP

56 годишниот неоконзервативен политичар Џон Болтон досега беше задолжен за контрола на вооружувањето. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс за новата дипломатска мисија на Болтон истакна:

„Го замоливме да ја преземе оваа задача, бидејќи знае како се работи, бидејќи е тврдокорен дипломат, и покажал успеси и оти има искуства во ефективен мултилатеризам.“

Самиот Болтон , питомец на Дик Чејни и критичар на ОН, сега новата мисија ја разбира нкако поттик за спроведување на неопходната реформа на ОН

„Американското водсвто е важно за успехот на ОН, за ефективни ОН. Ова е момент на можности, што со американско водство ќе може да бидат постигнати успешни реформи.“

Дипломати на ОН се вчудоневидени поради номинирањето на Болтон. Некои дури наместо реформи очекуваат повеќе уназадување. Генералниот секретар на ОН Кофи Анан официјално се радува на добра соработка.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми