1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

„Бомба“ на Бајерн: Се враќа Јуп Хајнкес

ЕМФ /агенции
5 октомври 2017

Сензационалниот камбек на Јуп Хајнкес на клупата на Бајерн Минхен би можел да се случи веќе викендов. Според агенцијата ДПА, во моментов се работи на договарање на деталите.

Jupp Heynckes offenbar neuer Bayern-Trainer
Фотографија: picture-alliance/SvenSimon/F. Hoermann

Она што никој не го претпоставуваше, одекна како „бомба“ во германскиот, но и светскиот фудбал: Јуп Хајнкес добива договор во Бајерн Минхен до крајот на сезонава. 72-годишникот доаѓа на местото на отпуштениот тренер Карло Анчелоти.

Весникот „Билд“ пишува дека раководството на клубот не сакало да му ја препушти екипата на тренер кој нема искуство во Бајерн, особено ако се има предвид досега не многу успешниот тек на сезоната.

Клубот сѐ уште ја нема потврдено веста за враќањето на Хајнкес, кому ова би му бил четврт мандат во Бајерн. Тој во 2013 година го одведе клубот до тројната круна - првак во Бунеслигата, во Купот на Германија и во Лигата на шампиони. Потоа соопшти дека ја завршува тренерската кариера.

Во 2013 година Јуп Хајнкес беше прогласен за најдобар светски тренерФотографија: picture-alliance/dpa

Хајнкес првпат беше тренер на Бајерн Минхен во периодот 1987-1991 година. Во 1989 и 1990 година под негово раководство фудбалерите на Бајерн станаа германски прваци. Во 2009 година Хајнкес беше преоден тренер еден месец, откако беше отпуштен Јирген Клинсман. Од 2011 до 2013 година беше тренер кој постигна голем успех освојувајќи ја тројната круна, по што се збогуваше со фудбалот. По сѐ изгледа само привремено.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми