1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борбата за слобода никогаш не завршува

Инес Пол
9 ноември 2019

Падот на Берлинскиот ѕид е еден од симболите на слободата. 30 години подоцна Германија се бори и натаму за заеднички идентитет. Тоа е доказ дека борбата за слободно општество е пред нови предизвици, смета Инес Пол.

Bildergalerie Mauerfall
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кој си помислил дека со падот на Берлинскиот ѕид и отворањето на Железната завеса дошол крај на зоните на смртта и гранични премини како тврдини, тој се лажел. 30 години подоцна ѕидовите во светот имаат свое враќање и тоа не само на границата од Мексико кон САД, Израел и Палестина, двете Кореи, туку и во самата ЕУ, каде вредно се поставуваат жичани огради и се воведуваат гранични контроли. Затоа е поубав и порадосен погледот кон Германија.

Довербата како голема предност

Понесени од Гласност и Перестројката, како и од храброста на Полјаците и Унгарците, на Германците од Источна Германија им успеа во мирна револуција пад на Берлинскиот ѕид кој земјата ја делеше на  источен и западен дел.  Притоа не беше истрелан ниту еден куршум. Ниту еден човек не беше повреден во тие драматични денови и часови на 9 ноември 1989. Со довербата од меѓународната заедница, предводена од САД и поддржана од Советскиот  Сојуз на Горбачов, а потоа, по почетната колебливост, и од Велика Британија и Франција, за само 11 месеци се успеа земјата и официјално да се обедини.  Со тоа се постави каменот темелник за обединета Германија како социјална држава и за да се изгради заедничка инфраструктура и да се направи многу од она што беше потребно за од двата комплетно различни дела да се создаде една функционална држава.

Копнеж по надеж

Не е ни чудо што на 30- годишнината светот повторно гледа во Германија. Можеби и за да украде малку надеж во времиња кога имаме чувство на загрозеност и несигурност и распад на етаблираните структури. Притоа во самата Германија тешко да се почувствува гордост или радост за она што е постигнато. Напротив, внатрешните процеси во земјата доведоа до политички испади кои ја вадат од рамка целокупната слика од изминатите 30 години.

Инес Пол, главниот и одговорен уредник на Дојче велеФотографија: DW/P. Böll

Особено во источногерманските сојузни покраини се засилува деснопопулистичката партија АфД која ги става под прашање основите на обединета Германија. Таквиот нивен став се протега од улогата на Европа до политиката за доселување и е доминиран од националистичка и расистичка претстава за луѓето и светот. Досегашните големи народни партии го губат тлото, а формирањето владини коалиции станува се` потешко. Многу фалените пресметливост и извесност засега се минато. Засилувањето на популистите не е феномен кој е ограничен како појава само на Германија. Но, сепак тука има специфични причини кои имаат врска и со поделбата на земјата.
До ден денешен не е соодветно признаено животното достигнување на многу луѓе од Источна Германија, кои храбро придонесоа да дојде крајот на Источна Германија, но мораа тоа и да го поднесат и да се изборат за сосема ново место во обединетата Германија.  Таквата игноранција сега си го зема својот данок.

Големи предизвици

Со оглед на општата несигурност и енормните предизвици на глобализираниот свет, Германија 30 години по нејзиното обединување сега е принудена да се соочи со фундаментална внатрешна дебата: каква земја сака да биде?

Земја во која Евреите мора да се плашат кога ќе се соберат во синагога на молитва? Или земја во која политичарите кои јасно се позиционираат против десно-националистички идеи и политика на исклучување треба да стравуваат за својот живот? Дали Германија сака да стане земја во која припадноста се мери според потеклото или бојата на кожата?

Под товарот на овие егзистенцијални прашања, на оваа годишнина нема да има неоптоварена и безрезервна радост. Јас посакувам во овие празнични денови да си го поставиме прашањето- како сакаме да изгледа нашата земја во средината на овој век? Храбра, а не очајна. И цврсто закотвена во темелите на нашиот устав. Со свест дека се` што е таму запишано се доведува токму во прашање. Во овие денови ја славиме храброста на минатото. Се надевам дека оттука ќе извлечеме сила за борбата за подобра иднина во слобода и правда.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми