1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борбата против ракот се индивидуализира

ЕМФ/дпа4 февруари 2013

Зборот оздравување никој не го споменува, но медицината барем подобро се бори против ракот. На Светскиот ден за борба против ракот експертите нагласуваат - борбата се индивидуализира!

Оружјето на иднината во борбата против ракот е таканаречената персонализирана медицина. Основата притоа е уште попродлабочено дешифрирање на клетките на туморот, што на лекарите им дава надеж за поиндивидуална терапија на пациентите. „Мислам дека сме исправени пред нова ера во лекувањето на ракот“, нагласува претседавачот на Германскиот центар за истражување на ракот (ДКФЦ) Отмар Вистлер.

Оваа гранка на медицината е се‘ уште релативно на почеток. Напредокот беше овозможен со дешифрирањето на клетките на туморот. Денес клетките може комплетно да се анализираат, дури се зборува за таканаречено тотално секвенцирање.

„Има 200 различни видови рак и секој од нив може кај различни пациенти да биде различен“, вели Вистлер. Сега, со помош на секвенцирањето, е можно да се утврдат и минималните промени на клетките на туморот кои се исти кај одделните групи пациенти заболени од рак. Тоа е можност за давање многу попрецизни терапии.

Првите успеси веќе се бележат во лекувањето на ракот на дојка, на пример, или на црниот рак на кожата. Сепак, експертите сметаат дека класичните терапии и натаму ќе бидат неопходни. „Хемотерапија ќе има и во иднина“, подвлекува претседавачот на Рош Фарма АГ, Хаген Пфунднер. Тие, меѓутоа, ќе бидат применувани подозирано отколку досега.

Индивидуални терапии се оружјето на иднинатаФотографија: picture-alliance/dpa

Новите научни можности отвораат и нови прашања и ризици. При комплетното секвенцирање на клетките се добиваат огромни количества податоци кои не даваат само информации за ракот, туку на пример и за тоа дали пациентот во себе носи наследни болести. Дали тоа треба да му се каже? Мора ли да му се каже? Што да се прави со податоците? „Тука мислењата се разликуваат“, нагласува раководителот на Одделот за молекуларна генетика на ДКФЦ, Петер Лихтер. Во Хајделберг постои Етичка комисија која сака да даде одговор на ваквите прашања.

Засега останува отворено и класичното прашање на трошоци. Имено, тоталната секвенција на клетките чини релативно многу, а меморирањето на огромниот број податоци бара огромни капацитети. И лековите по пациент ќе станат поскапи, поради тоа што групата пациенти кои ги користи тие лекови ќе биде помала. Пфунднер од Рош Фарма има ваква сметка: трошоците по пациент можеби ќе бидат повисоки, но истовремено ќе се избегнат погрешни третмани и на тој начин ќе се заштедат многу пари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми