Борба против детските бракови
18 февруари 2020„Браковите се склучуваат на возраст од 13 до 16 години. Девојчињата на таа возраст сѐ уште одат во основно училиште, а потоа им се ускратува правото на средно образование. Тоа доведува до тоа тие рано да станат мајки и на тој начин се враќаме постојано на едно исто, само се вртиме во круг“, вели Фана Делија, координаторка во невладината организација „Центар за ромки иницијативи“, прва црногорска организација за права на жените од заедницата на Роми и Египќани.
Таа често се среќава со млади девојки Ромки. Притоа активистката нуди помош, покажува алтернативи. Тоа што се залага против раното стапување во брак на младите девојчињане му се допаѓа секому во традиционалната ромска заедница. За Фана и нејзиниот тим тоа има опасни последици.
„Не само јас, туку и моите колеги имаат огромни проблеми поради нашиот ангажман против детските бракови. Напаѓани се физички, врз куќата на една колешка беа фрлани камења. Јас сум три пати нападната. Но, најлош беше нападот врз брат ми, кому му беше распукан черепот - сѐ поради мојата работа.“
Зошто Фана Делија не се откажува и покрај заканите и што ѝ дава сила, во видеото: