Борењето исфрлено од олимписката програма
12 февруари 2013Извршниот одбор на МОК одлучил на состанокот во швајцарскиот град Лозана да го задржи модерниот петобој, за кој се очекуваше да биде исфрлен, а наместо него да се откаже од борењето.
Борењето и уште седум други спортови, сепак ќе бидат земени предвид за единственото слободно место кое останува во програмата за Олимпијадата во 2020 година, а конечната одлука за тоа кој спорт ќе биде вклучен ќе биде донесена во септември, во Буенос Аирес.
Борењето е еден од најстарите олимписки спортови кој се наоѓал на програмата и на првата модерна Олимпијада во Атина во 1896. година. Борењето било дел и од античките Олимписки игри во Грција во 708. година пред новата ера.
На минатогодишната Олимпијада во Лондон се натпреваруваа 344 спортисти во борење во 11 дисциплини во слободен и седум во грчко-римски стил.
Останатите спортови кои МОК размислува да ги вклучи во програмата, и кои се директни ривали на борењето, се безбол и софтбол, карате, сквош, спортско планинарење, вејкбординг и боречката дисциплина вушу.
Последни спортови кои беа отстранети од програмата на Олимпијадата беа безбол и софтбол во 2005 година, а во програмата за Олимпијадата во Рио де Жанеиро 2016. година вметнати се голф и рагби.