1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борисов не се плаши од кривичен прогон-нема да биде пратеник

ЖА / дпа
8 април 2021

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, четири дена по парламентарните избори, се откажа од идниот пратенички мандат во парламентот.

Boyko Borisov I Premier Bulgarien
Фотографија: Barbara Gindl/APA/picture alliance

Борисов денеска соопшти дека доставил барање до Централната изборна комисија за откажување од пратеничко место во идниот бугарски парламент, не му е потребна заштита од кривичен прогон.

Премиерот во Бугарија инаку не мора да биде пратеник во парламентот.

На парламентраните избори во земјата проевропската партија на Бојко Борисов, ГЕРБ, со 26 проценти освоени гласови беше најсилна политичка сила. 61-годишниот Борисов како предводник на изборна листа победи во два изборни окрузи, во главниот град Софија и во Пловдив. Во новоизбраниот парламент влегуваат вкупно шест, делумно меѓусебно раскарани партии, а засега нема јасно мнозинство за состав на влада. Борисов тешко би успеал да формира нова владина коалиција, четири партии откажаа желба да владеат заедно со ГЕРБ.

Повеќе на темата: 

„Идната влада на Бугарија ќе биде нестабилна“

Неизвесноста во Софија ги мати надежите на Скопје

Бугарија: Составувањето влада - „невозможна мисија“

Парламентарни избори во Бугарија: промени или иселување? 

Новата парламентарна партија „Исправи се! Мафијата надвор!" бара формирање комисија за испитување на работата на владата на Борисов. Досегашната опозиција од Социјалистите и протестните партии го обвинуваат Борисов и неговата коалициона влада за корупција. Владата на Борисов, според уставот, би требало да даде оставка дури по првата седница на новиот парламент. Според уставот, мандат за состав на влада прво би требало да добие ГЕРБ како најсилна политичка сила по изборите. Доколку ГЕРБ не успее, на ред доаѓа второпласираната, а тоа е протестната партија „Има таков народ“ на телевизискиот модератор и кабаретист Слави Трифонов.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми