Резултатот од тестот за коронавирусот на премиерот на Велика Британија е позитивен. Борис Џонсон има благи симптоми и порача дека ќе ја води нацијата во борбата против Ковид-19 од домашна изолација.
Реклама
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е позитивен на коронавирусот. На пладне пристигнаа неговите резултати, и како што јавија британските медиуми, Џонсон е заразен со новиот вирус од кој се инфицирани преку 530.000 луѓе ширум светот.
Како што е наведено, Џонсон има благи симптоми и се наоѓа во самоизолација. „Премиерот има благи симптоми од коронавирусот и итно е сместен во самоизолација. Тој ќе продолжи да ја води земјата во борбата против овој опасен вирус“, соопшти неговиот кабинет.
Џонсон, пак, на нацијата и се обрати на Твитер: „Имам температура и кашлица и по совет на лекарите се тестирав и сум позитивен. Во самоизолација сум, работам од дома и во постојан контакт сум со своите соработници во борба против коронавирусот“, рече Џонсон на снимката која ја објави на Твитер.
„Но не се грижете, благодарение на технолошките волшебства, ќе продолжам да комуницирам со мојот тим за да продолжам да раководам, со националните напори против коронавирусот“, порача натаму Џонсон.
Тој му се заблагодари на медицинскиот персонал на „Националните здравствени служби “(НХС), како што се нарекуваат британските здравствени власти. Беше многу возбудливо да се биде дел од оние кои им ракоплеска на НХС во вечерните часови, истакна Џонсон додавајќи дека сака да им се заблагодари не само на медицинските работници, туку и на полицијата, социјалните работници, наставниците. Според него јавните служби но и сите граѓани, кои работат на доброволна основа вложуваат големи напори во борбата против вирусот. Досега во Велика Британијасе регистрирани 600.000 волонтери за помош во заштитата на луѓето од последиците од инфекцијата со коронавирусот.
Во изолација поради коронавирус? Нема проблем
Со малку креативност можете да ја претворите изолацијата во инспирација. Еве неколку идеи како да го искористите времето во карантин, и да продолжите нормално да живеете дури и затворени во четири ѕида.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Schickert
Бидете креативни со конзервираната храна
Претворањето на конзервираната храна во нешто вкусно можеби бара малку магија, но сигурно не е невозможно. На пример, експериментирајте со лакса која ги прочистува синусите или пак измешајте конзерва туна со малку пченка и свеж ѓумбир за да го зајакнете вашиот имунолошки систем.
Фотографија: Miguel Medina/AFP/Getty Images
Затворената вежбална не е изговор
Имате доволно начини да ја одржите добрата форма на вашето тело дури и ако не можете да ја посетите вашата вежбална. Загрејте го телото со фитнес вежби или јога со онлајн упатства, а доколку ви е многу здодевно искористете ги и конзервите со храна во вашиот магацин за да ги развиете вашите бицепси и трицепси.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-D. Gabbert
Време е за пролетно чистење
Искористете ја можноста, засукајте ги ракавите и употребете го вишокот енергија за да го светнете секое ќоше во домот. Ова може да биде најдобриот момент за расчитување на нередот. Можете дури и да ослободите место во плакарите и да зачистите во подрумот.
Целодневното гледање на ТВ серии е гарантиран начин за опуштање на умот и телото. Можеби мини-серијата „Чернобил“ и не е најдобриот избор доколку сте во мрачно расположение. Алтернативата би било нешто полесно, како „Пријатели“. Доколку секој ден потрошите 6 часа и 20 минути на оваа серија, ќе ги изгледате сите 236 епизоди за 14 дена.
Покрај сето слободно време можеби е добар момент да ја избришете прашината од некои постари игри и да се забавувате со оние со кои го споделувате карантинот. Доколку сте сами во изолација, повеќе класични игри денес имаат и онлајн верзии па можете да играте со пријателите преку интернет.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache
Научете нешто ново
Во денешно време можете да научите речиси се онлајн. Можеби секогаш сте сакале да научите некоја нова вештина или дури и јазик. Германски можеби? На интернет ќе најдете многу можности и за бесплатно изучување јазици, па со оглед на слободното време, нема никаков изговор зошто тоа да не го сторите.
Фотографија: Colourbox
Јавете и се на бабата
Вашите роднини секогаш се жалат дека ве гледаат само за празници. Сега е добар момент да им се јавите. Иако веројатноста дека ќе заглавите на телефон 1-2 часа е голема, сепак ќе ви се израдуваат. Притоа, ќе покажете грижа и за нив и за нивното здравје во оваа тешка ситуација, особено за постарите луѓе.
Фотографија: Heike Brauer/Fotolia
Планирајте го следниот одмор
Планирањето одмор е добар начин да избегате од вашата соба, макар и само во мислите. Исполнете го денот замислувајќи си како се релаксирате на Бали или уживате во чистиот планински воздух некаде на Алпите. Само не заборавајте да си купите и патничко осигурување бидејќи никогаш не се знае кога ќе дојде следната криза.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Schickert
8 фотографии1 | 8
Велика Британија вчера за првпат ја помина границата од 100 починати од коронавирусот во еден ден. Ситуацијата е најлоша во Лондон, кого го зафати „цунами“ од тешки случаи во болниците.