1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борис Џонсон не сака да биде лидер на конзервативците

Ж.А/дпа/ртре30 јуни 2016

Жестокиот поддржувач на брегзит, Борис Џонсон, нема да се кандидира за функцијата британски премиер. Поранешниот лондонски градоначалник ова неочекувано го сопшти на денешната прес конференција.

Фотографија: Reuters/T. Melville

Борис Џонсон, лицето на брегзит, кој значително придонесе за успех на кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ, и кој се сметаше за веројатен иден премиер, ја соопшти изненадувачката одлука да не се кандидира за наследник на британскиот премиер Дејвид Камерон. Рокот за кандидатура за челното место на Ториевците и со тоа и за премиерската функција истекува денес. Камерон најави свое повлекување откако станаа познати резултатите од референдумот на кој мнозинството Британци ја избраа опцијата за излез од ЕУ. Досегашниот премиер должноста ќе ја предаде во септември на својот насленик, кој треба во Брисел да го предаде официјалното барање за излез од ЕУ.

Борис Џонсон денеска изјави дека не е оној кој треба да ја води земјата по ЕУ-референдумот: „Дојдов до заклучок дека јас не можам да бидам таа личност“.

Претходно своите кандидатури ги најавија двајцата најизгледни претенденти, министерката за внатрешни работи Тереза Меј и министерот за правда Мајкл Гоув. Гоув фронтално го нападна Џонсон, како личност за која не верува дека „треба да го преземе водството и која не може да создаде тим за идните задачи“.

Џонсон ужива голема популарност меѓу народот, но меѓу пратениците во британскиот парламент веќе постоеја задршки. Меј и Гоув, напротив, можат да се надеваат на поддршка кај пратениците.

Погледнете го видеото на кое Џонсон ја објавува одлуката:

Џонсон не се кандидира за наследник на Камерон

01:24

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми