Британскиот премиер најави дека на ЕУ денеска ќе ѝ испрати финален предлог за договорот за Брегзит и бара од Брисел да му излезе во пресрет. Во спротивно, тој Велика Британија ќе ја изведе од Унијата без договор.
Реклама
Борис Џонсон го стави Брисел пред избор помеѓу договор за Брегзит, врз основа на неговите најнови планови, или нерегулирано излегување на Велика Британија од Европската унија на 31 октомври. Ова британскиот премиер јасно го нагласи во Манчестер. Џонсон пред партиските делегати истакна дека денеска на Европската унија ќе ѝ испрати „конструктивен и разумен“ компромис за договорот за Брегзит и предупреди од сериозни последици за довербата во демократијата доколку Велика Британија не излезе од европскиот блок во зададениот рок на крајот на октомври.
Британскиот премиер на конгресот на Ториевците уште изјави дека неговиот нов план за Брегзит претставува компромис за Велика Британија и изрази надеж дека ЕУ ќе го сфати тоа и оти ќе направи компромис од своја страна.
Без граници помеѓу Ирска и Северна Ирска
Тој прецизираше дека неговиот предлог исклучува какви било контроли на границата помеѓу Северна Ирска, која е дел од Обединетото кралство, и Република Ирска, што беше клучен камен на сопнување во разговорите со Брисел.
„Под никакви услови нема да имаме контроли на границата, или во близина на границата со Северна Ирска“, истакна Џонсон.
Во својот говор лидерот на Конзервативната партија и британски премиер рече дека излегувањето на земјата од ЕУ без договор не е исход кој неговата влада го сака, но оти е подготвена и на тоа. Џонсон наведе дека не треба да има сомневања дека Брегзит без договор е единствена алтернатива за финалниот предлог, кој тој денеска ќе ѝ го поднесе на Европската унија.
„Ќе има сериозни последици за довербата во демократијата ако Брегзит се одложи по 31 октомври“, истакна Џонсон, додавајќи: „По три и пол години, луѓето почнуваат да мислат дека ги сметаат за будали и почнуваат да се сомневаат дека во оваа земја има сили кои едноставно не сакаат воопшто да се случи Брегзит. И ако се потврди дека се во право со таквите сомнежи, тогаш верувам дека ќе има сериозни последици за довербата во нашата демократија“.
Брисел на готовс за новите предлози
Европските преговарачи сега се во очекување да ги добијат новите британски предлози. Пратеникот на Борис Џонсон за прашањето на Брегзит, Дејвид Фрост, попладнево треба да им ги претстави предлозите на соработниците на главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, јавува новинската агенција Франс Прес, повикувајќи се на дипломатски извори.
Брегзит или не: Зошто ѝ покрај тоа ги сакаме Британците
Британскиот парламент го отвори договорот за Брегзит на премиерката Меј. Сега сѐ поизвесен е „болен развод“ со ЕУ. Според многу Европејци, тоа е целосно непотребно. Изјава на љубов до Британците во десет слики.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Го сакаме кралското семејство!
Никој не седел толку долго на престолот, како кралицата Елизабета Втора. Од 1952 година таа е кралица на Британците и се залага за дисциплина, стабилност и традиција. Вообичаено два чекора зад неа, големата љубов на нејзиниот живот: сопругот, принцот Филип. Оваа година таа го слави својот 93-ти роденден, а тој има 98 години.
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Stansall
Сакаме поп музика од Велика Британија
Тие се едноставно легендарни - Ролинг Стоунс: Мик Џегер, Чарли Вотс, Кит Ричардс и Рон Вуд. На 24 март 2016 година, култниот бенд имаше концерт во Хавана, Куба, испишувајќи музичка историја.
Тауер бриџ во Лондон: од 1894 година, мостот во центарот на британскиот главен град е едно од најпрочуените знаменитости на метрополата. Лондон е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, со повеќе од 30 милиони туристи годишно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner
Ги сакаме хероите од нивните книги
Авантурите на ученикот за волшебник Хари Потер од Џоан К. Роулинг воодушевуваат деца ширум светот. На сликата е прикажан Хари Потер, кој го игра Даниел Редклиф, во својата втора година на обука во Хогвортс, на училиштето за магии и волшебништво.
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpa-Film Warner
Ги сакаме убавите британски модели
Наоми Кемпбел е клучен дел од меѓународниот моден бизнис околу три децении. Родена во Лондон, таа беше првиот црномурест модел кој се појави на насловната страна на францускиот Вог и ѝ припаѓаше на генерацијата на супермодели во 1990-тите.
Фотографија: DW
Го сакаме британскиот хумор
Ретко кој ги растегнува мускулите за смеење толку многу како Роуан Аткинсон, алијас Мистер Бин. Истоимената серија-комедија беше оригинално прикажувана од 1989 до 1995 година и ужива култен статус.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Ги сакаме нивните извонредни градини и паркови
Градините Кју во југозападниот дел на британскиот главен град Лондон се меѓу најстарите ботанички градини во светот. Британците се познати по „зелениот палец" и се сметаат за специјалисти за косење трева. Никој во Европа нема толку убави градини и паркови како Британците.
Фотографија: Reuters/T. Melville
Го сакаме нивниот стил
Не станува збор за брзина, туку за елеганција и класа. Пример за тоа се култните автомобили од Велика Британија, како што е Ролс-Ројс. Иако брендот оттогаш е купен од страна на Германците, тој останува британски класик.
Фотографија: imago/Felix Jason
Го сакаме нивниот чуден вкус
Кога станува збор за кулинарството, со сигурност има други европски земји кои се во предност. Но, ако Британците останат со нас во ЕУ, нема да се жалиме на пивото без пена и јагнето со сос од нане. Ветуваме!
Фотографија: Styko
Ја сакаме нивната традиција
Дури од нив научивме колку убаво може да биде панорамското разгледување. Црвените двокатни автобуси во Лондон се повеќе од само превозно средство. Тие сѐ уште се клучен белег на британската метропола на Темза.
Фотографија: picture-alliance/blickwinkel/McPhoto
10 фотографии1 | 10
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пак, денеска треба да оствари телефонски разговор со британскиот премиер, соопшти неговата портпаролка.
Договорот за Брегзит кој со ЕУ го постигна неговата претходничка на функцијата, Тереза Меј, трипати беше отфрлен од страна на британскиот парламент, во голема мерка и поради таканаречениот бекстоп - смислен со цел да осигура дека нема да дојде до повторно воспоставување на царински пунктови или друга погранична инфраструктура на границата помеѓу Република Ирска и Северна Ирска.