Борбата за надмоќ помеѓу британскиот премиер и парламентот влегува во одлучувачка фаза. Ториевците бунтовници сакаат да гласаат со опозицијата за да оневозможат тврд Брегзит.
Реклама
„Јас не сакам нови избори, вие не сакате нови избори“, изјави Борис Џонсон вчеравечер пред Даунинг стрит. Но, изјавата беше протолкувана токму обратно: ако денеска околу 20 Ториевци-бунтовници гласаат со опозицијата, премиерот тоа ќе го протолкува како гласање за доверба. И, ако загуби на тоа гласање, ќе биде принуден да се одлучи за нови избори. Во борбата за надмоќ помеѓу Џонсон и парламентот се работи за стратешки потези и за тоа како да се изманеврира другата страна. Надвор, пред барикадите, демонстрантите извикуваа „Стоп за пучот“ и притоа мислат на принудниот одмор на кој премиерот сака да го испрати парламентот веќе од наредната недела. Премиерот беше видливо иритиран, но ќе мора да се навикне на вакви критики.
Тој изјави дека е „уверен во врска со напредокот кој го правиме“, притоа мислејќи на нови преговори за променет Брегзит-договор со ЕУ. Досега ваквиот напредок го има само во неговите претстави, зашто во Брисел сѐ уште не се одржале конкретни разговори за нови предлози. Британците би морало да дојдат со алтернативни идеи доколку сакаат да биде отстранет бекстопот, односно спорното правило за задржување на отворена граница помеѓу Ирска и Северна Ирска. Тоа на разговорите со Борис Џонсон пред десетина дена јасно го потенцираа и германската канцеларка и францускиот претседател.
Битанскиот премиер пак создава привид како заканата со тврд, нерегулиран Брегзит, да е она што ќе ги натера останатите ЕУ-земји да потклекнат. Како Европејците да не се подготвуваат за тврд Брегзит.
„Избегнете натамошно бесмислено одлагање на Брегзит“, преудпреди Џонсон во врска со плановите за носење закон по итна постапка кој би му ги врзал рацете и би го принудил да бара од ЕУ продолжување на рокот. Тој тврди дека тоа „не би го сторил во никој случај“. Од тоа може да се извлечат два заклучока: тој нема да го почитува законот, односно едноставно ќе го игнорира, што е можност која неговиот министер Мајкл Гоув веќе ја спомена во едно интервју. Или пак, Џонсон ќе се одлучи за нови избори и ќе се обиде да победи со парламентарно мнозинство кое потоа би му било доволно за тврд Брегзит.
Брегзит или не: Зошто ѝ покрај тоа ги сакаме Британците
Британскиот парламент го отвори договорот за Брегзит на премиерката Меј. Сега сѐ поизвесен е „болен развод“ со ЕУ. Според многу Европејци, тоа е целосно непотребно. Изјава на љубов до Британците во десет слики.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Го сакаме кралското семејство!
Никој не седел толку долго на престолот, како кралицата Елизабета Втора. Од 1952 година таа е кралица на Британците и се залага за дисциплина, стабилност и традиција. Вообичаено два чекора зад неа, големата љубов на нејзиниот живот: сопругот, принцот Филип. Оваа година таа го слави својот 93-ти роденден, а тој има 98 години.
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Stansall
Сакаме поп музика од Велика Британија
Тие се едноставно легендарни - Ролинг Стоунс: Мик Џегер, Чарли Вотс, Кит Ричардс и Рон Вуд. На 24 март 2016 година, култниот бенд имаше концерт во Хавана, Куба, испишувајќи музичка историја.
Тауер бриџ во Лондон: од 1894 година, мостот во центарот на британскиот главен град е едно од најпрочуените знаменитости на метрополата. Лондон е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, со повеќе од 30 милиони туристи годишно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner
Ги сакаме хероите од нивните книги
Авантурите на ученикот за волшебник Хари Потер од Џоан К. Роулинг воодушевуваат деца ширум светот. На сликата е прикажан Хари Потер, кој го игра Даниел Редклиф, во својата втора година на обука во Хогвортс, на училиштето за магии и волшебништво.
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpa-Film Warner
Ги сакаме убавите британски модели
Наоми Кемпбел е клучен дел од меѓународниот моден бизнис околу три децении. Родена во Лондон, таа беше првиот црномурест модел кој се појави на насловната страна на францускиот Вог и ѝ припаѓаше на генерацијата на супермодели во 1990-тите.
Фотографија: DW
Го сакаме британскиот хумор
Ретко кој ги растегнува мускулите за смеење толку многу како Роуан Аткинсон, алијас Мистер Бин. Истоимената серија-комедија беше оригинално прикажувана од 1989 до 1995 година и ужива култен статус.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Ги сакаме нивните извонредни градини и паркови
Градините Кју во југозападниот дел на британскиот главен град Лондон се меѓу најстарите ботанички градини во светот. Британците се познати по „зелениот палец" и се сметаат за специјалисти за косење трева. Никој во Европа нема толку убави градини и паркови како Британците.
Фотографија: Reuters/T. Melville
Го сакаме нивниот стил
Не станува збор за брзина, туку за елеганција и класа. Пример за тоа се култните автомобили од Велика Британија, како што е Ролс-Ројс. Иако брендот оттогаш е купен од страна на Германците, тој останува британски класик.
Фотографија: imago/Felix Jason
Го сакаме нивниот чуден вкус
Кога станува збор за кулинарството, со сигурност има други европски земји кои се во предност. Но, ако Британците останат со нас во ЕУ, нема да се жалиме на пивото без пена и јагнето со сос од нане. Ветуваме!
Фотографија: Styko
Ја сакаме нивната традиција
Дури од нив научивме колку убаво може да биде панорамското разгледување. Црвените двокатни автобуси во Лондон се повеќе од само превозно средство. Тие сѐ уште се клучен белег на британската метропола на Темза.
Околу 20 бунтовници во редовите на конзервативците во изминатите денови беа соочени со закани од Џонсон со исклучување од партијата и блокирање на нивната кандидатура во случај на нови избори.
Планот на бунтовниците во редовите на Ториевците и на опозицијата сега е да се донесе нов закон кој ќе го принуди премиерот да бара продолжување на рокот од страна на ЕУ, доколку до ЕУ-самитот на 17 октомври не биде усогласен нов договор за излегување на Велика Британија од Унијата. За тоа, во принцип, би требало да се гласа утре. Но, сега може да се случи Џонсон да им пука на противниците во колено, односно да распише нови избори кои би се одржале во најбрз можен рок. Доколку премиерот добие двотретинско мнозинство гласови во парламентот, тогаш тој ќе се распушти и нема да може да се преземе ништо за да се спречи тврд Брегзит.
Во понеделникот изутрина поранешниот лабуристички премиер Тони Блер ја предупреди својата партија да внимава да не биде заведена од идејата за нови избори. Тоа би можело да биде „стапица“ за Лабуристите, затоа што ако избори се одржат пред Брегзитот, тоа би ги поделило гласовите на опозицијата и, согласно британскиот изборен систем, би им осигурало победа на Ториевците. По големиот пад на Лабуристите на европските избори, многумина, дури и од редовите на партијата, веруваат дека Корбин не би можел да го победи Џонсон. Лабуристичкиот водач пак вчера изјави дека би гласал за нови избори. „Јас сум подготвен, вие сте подготвени...“, им се обрати тој на приврзаниците во Салфорд.
Во целата мешаница има уште една стапица: Борис Џонсон има право слободно да го определи датумот на избори. Дури и ако пратениците гласат за нови избори на 14 октомври, тој потоа би можел да го одложи датумот за по Брегзитот. Тоа значи дека тој може да ја изведе Велика Британија од Унијата на 31 октомври по секоја цена.
Се работи за игра со голем влог и мамење. Борис Џонсон води ултимативна борба за моќ со парламентот и е подготвен да ги згази сите правила и традиции за да успее, а доколку нема друг начин, тогаш од џебот ја вади заканата со нови избори. За повеќето бунтовници кај Ториевците тоа значи губење на политичките функции и крај на нивната политичка кариера. Меѓутоа, Џонсон на нови избори може и да победи и да загуби. Тој е многу подобар предизборен борец од неговата претходничка Тереза Меј, но во Брегзит-Британија денес веќе ништо не е сигурно.