1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борусија Дортмунд останува шампион во продажба на карти

АМ/сид19 август 2014

Само Борусија Дортмунд продала 55.000 карти за натпреварите на домашен терен. Но, рекордот за најскапи годишни карти сепак го држи друг клуб од Бундеслигата.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Борусија Дортмунд останува шампион во продажба на карти за натпреварите на домашен терен, но новиот клуб во Бундеслигата СЦ Падерборн ја доби „титулата“ за најскапи годишни карти. Кратко пред почетокот на 52. сезона на Бундеслигата, осумнаесетте прволигашки клубови ги објавија бројките на купени карти.

Кај Борусија Дортмунд остануваат работите по старо. Клубот од Северна Рајна Вестфалија ја запре продажбата на вообичаените 55.000 влезници. Повеќе не е можно. Листата на чекање е долга.

Сопствената поставена граница ја достигнаа и Шалке 04, со 43.935 продадени влезници, и трикратниот победник Бајерн Минхен, со 38.000 карти. Од Бајерн информираат дека „побарувачката е поголема отколку во последната сезона“. Само за дуелот со Дортмунд клубот би можел да продаде 300.000 влезници.

Фановите во Падерборн мораа да платат за 80 проценти поскапи карти, откако нивниот тим од втората фудбалска лига влезе во Бундеслигата. Најевтината карта за натпреварите на домашен терен изнесува 255,50 евра. За споредба, најевтината таква понуда во Бундеслигата доаѓа од Волфсбург и чини 130 евра. Годишната карта, пак, за местата за стоење во Падерборн изнесува 221 евро. Долгогодишните фанови се лути поради новите цени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми