1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борусија Дортмунд се надева на победа

ЕМФ/макфакс/бета13 февруари 2013

Во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони денеска (13.02) силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, како и Борусија Дортмунд и Шахтхјор Доњецк.

Фотографија: Reuters

По натпреварите што се одиграа вчеравечер, Јувентус и Пари Сен Жермен со ‘една нога’ се веќе во четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако како гости забележаа победи над Селтик, односно Валенсија.

Италијанскиот шампион на „Селтик Парк“ во Глазгов, фаворитската улога ја потврди со голот на Маркизио по 180 секунди игра. Во продолжението на мечот (сцена од натпреварот на горната фотографија) играчите на Јувентус ја имаа контролата врз играта, иако Селтик се обидуваше со сите сили да постигне гол. Надежите на шкотскиот тим ги урна Маркизио со својот втор гол во 77-та минута, а победата на ‘старата дама’ ја зацементира Вичиниќ со третиот гол за Јувентус, постигнат во 83-та минута од натпреварот. Поразот од Јувентус, на домашен терен, беше прв за Селтик од некој италијански тим уште од 1969 година.

Од мечот Валенсија-ПСЖФотографија: Getty Images

Валенсија пред мечот со ПСЖ имаше убава традиција, беше без пораз и примен гол на последните осум средби со француски екипи. Традицијата ја урна Лавеци во 10-та минута, кога по асистенција на сонардоникот Пасторе го отвори резултатот. Доминацијата на ПСЖ во првиот дел ја потврди Пасторе со голот во 43-та минута. Валенсија честа ја спаси во последната минута од мечот кога Сиригу го совлада Рами.

Реванш натпреварите меѓу двете двојки ќе се одиграат на 6 март.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми