1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Босна како инспирација

12 септември 2006

Уметниците се и амбасадори на својата земја.Германските автори постојано се во обиколка на светот,каде ја застапуваат германската култура,но и учат за културата на земјите каде патуваат,за која потоа и пишуваат.Една од нив е и Јули Це.

Juli Zeh
Фотографија: PA/dpa

Таа го доживеа тоа што ретко се случува:бум со првото дело,уште првиот роман „Орелот и ангелот“ во 2001 година младата авторка ја катапултираше во центарот на литературната јавност.Во меѓувреме тој е преведен на 26 јазици.И следниот наслов,„Тишината е еден шум“,како и „Малиот лексикон за конверзација за домашни кучиња“ и „Се на тревата“,најдоа меѓународна публика.Јули Це денес има 32 години,родена е во Бон,а со години живее во Лајпциг.Таа е дипломиран правник,а дипломирала и на ренимираниот Лајпцишки институт за литература,каде денес и самата работи како доцент.Пишува литерарни,но и политички текстови.Важи за голем јазичен талент,а нејзините книги се одликуваат со критичка острина на општеството и иронија.Порано таа се занимаваше со Балканската војна,„Орелот и ангелот“ се на таа тема,а во 2001 година Јули Це самата била првпат во Босна,есејот „Тишината е шум“ потекнува токму од ова патување.

„Кога започнав да размислувам за конкретно патување,пред се се прашав дали воопшто постои оваа земја.

Самостојната држава Босна постои од 1995 година,шест години по балканската војна таа веќе одамна имаше исчезнато од насловите на светскиот печат.“

Јули Це израснала со вестите од ова кризно подрачје.Распаѓањето на поранешна Југославија,тамошните борби таа ги политизирала:

„За мене Босна беше многу значаен пункт,зашто првите вечерни вести,кои ги гледав,секогаш беа преполни со оваа војна,а тоа ми остави впечаток во времето на пубертетот.“

Државите кои се родија по војната најпрво делувале апстрактно.Нешто како празно шише,кое Јули Це, кога конечно решила да патува натаму,требало да го полни со сопствени слики. Таа морала и да го надмине чувството дека она што го презема,е прилично опасно. Со авион стигнала до Загреб,а потоа продолжила со автобус,во придружба на нејзиното куче Отело.

„Секаде каде што ќе се појавев,со кучето и ранецот на грбот и со одговорот дека сум турист,веднаш паѓав в очи и предизвикував весело расположение,зашто веројатно претставував чудна појава,во тоа време,во 2001 година,воопшто не беше вообичаено туристите да патуваат таму. “

Со Јули Це се сретнавме во ресторанот на еден лајпцишки хотел,Босна оттаму е многу далеку.Но,веднаш се забележува колку таа радо се сеќава на својата средба со оваа земја,во која војната оставила толку многу лузни,раскажува Јули.Таа била изненадена од следното:

„Некои штотуку беа вратени од Германија во Босна и затоа имаше смешни видови контакти,зашто некои од луѓето толку се имаа идентификувано со Германија како втора татковина,што имав впечаток дека во странство сум сретнала некој Германец,а се разбира,тоа беа Босанци во нивната сопствена земја,а јас бев странец!Но,тоа токму ја отсликуваше тамошната состојба,проблемитезашто тие луѓе наполовина се чувствуваа како Германци,откако седум или осум години живееле и работеле во Германија.

Со ранецот и кучето Јули Це пропатувала низ Тузла,Мостар,Сараево и Сребреница со изнајмен автомобил низ прашливите улици,пишувајќи и пишувајќи.

„Затоа што често,кога стоев под силен притисок на нешто,имав потреба тоа и да го запишам веднаш.Тоа навистина и го правев во секоја прилика,зашто имав слабо паметење,скоро патолошки слабо,па морав веднаш да запишувам,дури и во од,во возење.На секои десетина минути застанував некаде покрај пат за да ги нотирам мислите кои ми доаѓаа.А навечер,во хотелската соба,правев резиме на денот.“

Во нејзината книга „Тишината е еден шум“,таа ги објави впечатоците од повеќе патувања,тоа е лична книга:

„Навистина долго размислував дали воопшто да ја објавам.Бидејќи имав дифузни чувства,дека можеби она што го правам не е морално.Имав грижи дека можам можеби да навредам некои луѓе.Јас не сум никаков експерт за Балканот,туку едноставно гледав и го пишував тоа што го искусив.Без претензија,да објавам некоја вистина,туку од сосема субјективно чувство.И тоа често со негативно чувство.Човек би можел да се навреди од тоа.Но,за среќа,фала му на Бога,тоа не се случи.Добив реакции на книгата како за ниедна друга,со купишта.“

До денес таа е окупирана од прашањето како треба да се однесува Европа со луѓето кои се надеваат на иднината,иако се чувствуваат изолирани,одделени од европското заедништво,откорнати и жигосани:

„Човек овде сосема заборава:за жал тоа се земјите кои не припаѓаат кон јадрото на Европа,како што го дефиниравме по војната.Тие се чувствуваат на периферијата,а би сакале да припаѓаат кон Европа,но имаат впечаток дека тоа не им го дозволуваат.А Босна за време на војанта комплетно испадна од оваа европска идеја,зашто сите држави зазедоа став:типично Балкан.Претходно воопшто не ми беше јасно колку може да биде важна европската идеја за луѓето,за оние за кои таа не е разбирлива сама по себе.Ние се караме сега во Европа,ама за другите,таа е всушност нешто драгоцено.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми