1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бошкоски од затвор му се извини на Груевски

21 декември 2011

Љубе Бошкоски јавно му се извини на премиерот Никола Груевски за изречените клевети и за непријатностите што ги предизвикал со изнесувањето на клеветите и навредите за време на изборната кампања годинава.

Љубе Бошкоски бил во заблуда, вели во извинувањетоФотографија: AP

Претседателот на Обединети за Македонија преку државната Македонска информативна агенција (МИА) му се извини на премиерот Никола Груевски од затвор:

„Јавно се извинувам на Никола Груевски за изречените клевети од моја страна, а кои се предмет на приватна тужба по која се води постапка пред Основен суд Скопје, како и за сите останати клевети и навреди кои во изминатиот период ги изреков за него, без оглед дали за тоа сум тужен или не“, се вели во писменото јавно извинување.

Како што вели, невистините ги изрекол врз основа на погрешни информации и податоци кои му биле подметнати од определeн круг лица. Бошкоски во септември, додека беше во притвор му се извини на директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање, Сашо Мијалков, исто така за изречените клевети за време на изборната кампања.

За возврат Мијалков ја повлече тужбата против Бошкоски. Освен Мијалков, Бошкоски за клевета го тужеше и премиерот Никола Груевски и неговата мајка, Надежда Груевска.

Бошкоски е осуден на седум години затвор за нелегално финансирање на кампањата и за злоупотреба на службената положба.

Автор: ЖА/ АТ/ миа

Редактор: А. Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми