1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бојко Борисов реизбран за градоначалник на Софија

29 октомври 2007

*

Новата партија на десниот центар Граѓани за економски развој во Бугарија и владејачката социјалистичка партија постигнаа најдобри резултати на вчера одржаните локални избори во Бугарија . Сепак на ГЕРБ и успеја според првичните резултати да им нанесе пораз на Социјалистите во најголемите градови во Бугарија. За градоначалник на престолнината Софија уште во првиот круг е реизбран Бојко Борисов кој ја предводи новата опозициска партија ГЕРБ . Кандидатот на оваа партија Славчо Атанасов , победи пред против-кандидатот од Социјалистичката партија и во Пловдив, вториот град по големина во Бугарија . Централната изборна комисија се очекува денеска да ги соопшти конечните резултати од изборите на кои излегоа само 35 насто од граѓаните со право на глас. На голем број избирачки места според прогнозите ќе биде одржан и втор круг на гласање.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми