1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразилската зима -тежок залак за фудбалерите

Фернандо Каулјт/ Симе Недевски27 мај 2014

Најтешки противници на учесниците (пред сѐ од Европа) на Мундијалот во Бразил ќе бидат големите разлики во температурите и во оддалеченоста меѓу стадионите на кои се играат мечевите, сметаат експертите.

Фотографија: Embratur

Средба на светски шампиони среде џунгла. На 14 јуни во арената Амазонија (насловна фотографија) во Манаус играат Англија (светски првак во фудбал во 1966.) и Италија (светски првак во 1934., 1938., 1982. и 2006.). На овој натпревар најсилен противник на Европејците би можела да биде тропската клима во бразилската прашума.

„Порадо би играл во најтешката група отколку во Манаус“, изјави уште пред извлекувањето на групите во декември 2013. година, англискиот селектор Рој Хоџсон. Желбата не му се оствари. Англиската репрезентација игра во Манаус, а згора на тоа во една од најтешките групи заедно со Италија, Уругвај и Костарика.

Спарна жештина и леден студ

Различните климатски и временски зони во Бразил не им претставуваат проблем само на англиските фудбалери. Во оваа земја од јуни до август е зима. Тоа значи дека температурите се движат меѓу два Целзиусови степени во Порто Алегре и Куритуба (места каде се се играат натпревари од Мундијалот) на југот на земјата и 30 степени на северот и североистокот. Според проценките на експертите големите далечини и времето се вистинските противници на СП.

Американците предводени од селекторот Јирген Клинсман имаад најдолга мундијалска „километража“ пред себе.Фотографија: picture-alliance/dpa

Во Манаус, на пример влажноста на воздухот изнесува 80 проценти при најмалку 30 степени целзиусови. Во Сао Паоло температурата е максимални 20 степени со влажноста на воздухот од 60 проценти. „Тоа значително го оптоварува организмот“, вели Мигуел де Аруда, кинезиолог од бразилскиот универзитет Кампинас. Тој истакнува дека на телото му се потребни најмалку три дена за аклиматизација- време кое фудбалерите главно нема да го имаат на располагање, со оглед дека ќе мораат често да патуваат од еден стадион до друг.

Тоа најмногу ќе ја погоди репрезентацијата на САД. Таа за одигрување на средбите во групата ќе мора со авион да патува меѓу Сао Паоло, Манаус, Натал и Рецифе и да помине вкупно 14. илјади километри.

Добра почетна позиција за Германците

Англичаните, кои ќе бидат сместени во Рио де Женеиро, за истиот период ќе пропатуваат 7.000 километри. најдобро помина германската репрезентација, која првиот натпревар ќе го одигра во Салвадор кој е во близина на нејзиниот хотел. Потоа ќе мора да патува во Форталеза и Рецифе и назад односно вкупно 3.500 километри. Тоа за неа е голема предност, бидејќи екстремните промени во температурата на кои ќе бидат изложени Американците и Англичаните негативно влијаат на формата на играчите и го зголемуваат ризикот од повреди. И временскиот термин на одржување на натпреварите би можел да претставува проблем. Од вкупно 64 натпревари, 24 почнуваат во 13 часот по локално време- значи токму тогаш кога во Бразил е најтопло.

Германците предводени од селекторот Јоахим Лев, со најкратка мундијалска „километража“Фотографија: Markus Gilliar - DFB Pool/Bongarts/Getty Images

Решавачка е медицинската грижа

„На големи горештини се губат многу течности, се намалува подготвеноста и брзината на реагирање, а сето тоа може да доведе до повреди“, вели спортскиот психолог Турибио Леите де Барош, кој од 1991. до 1994. година беше во стручниот медицински тим на бразилската репрезентација. Тој верува дека најмногу проблеми ќе имаат европските екипи, кои не се навикнати на такви услови.

Поради тие големи разлики во температурите и одалеченоста голема важност ќе имаат медицинските тимови на репрезентациите. Тие отежнатите услови ќе мора да ги ублажат со посебни диети, специјални вежби и превентивни мерки. Кинезиологот Мигуел де Аруда, кој го советува и бразилскиот Атлетски сојуз заклучува: „Репрезентативните лекари и нивните тимови ќе играат одлучувачка улога на ова Светско фудбалско првенство“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми