1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Бразилскиот национален музеј уништен во пожар

3 септември 2018

Голем пожар ја уништи поранешната бразилска кралска палата, во која е сместен Националниот музеј, најстарата научна институција во земјата и најголемиот природонаучен и историски музеј во Латинска Америка.

Brasilien Rio de Janeiro
Фотографија: Reuters/R. Moraes

Според извештаите, нема повредени во големиот пожар кој ја уништи зградата на Националниот музеј на Бразил во Рие де Жанеиро. Тој е најстарата научна институција во земјата и најголемиот природонаучен и историски музеј во Латинска Америка. Колку од 20-те милиони артефакти можеле да бидат спасени, не се знае.

Внатрешноста на Националниот музеј во Рио пред пожарот, архиваФотографија: picture-alliance/dpa/G. de Paiva

Пожарот избувнал ноќеска, а причините за него не се знаат. Објектот меѓутоа се наоѓал во лоша состојба, велат познавачите. Поради финансиската криза во Рио де Жанеиро, од 2014. година градот не префрлал средства за одржување на историската зграда. Поради тоа, една третина од изложбените простории во последно време морале да бидат затворени за публиката.

Португалскиот крал Жоао Шести во 1818. година го основал Музејот во центарот на Рио, а подоцна тој бил преселен во Сао-Кристовао палатата, во која од почетокот на 19. век живеело португалското кралско семејство, а подоцна, до прогласувањето на Републиката во 1889. година, и бразилското кралско семејство.

Илјадници години стар скелет на диносаурус, еден од експонатите во Националниот музек во Рио де Жанеиро, архиваФотографија: picture-alliance/dpa/V. Almeida

Во Националниот музеј се наоѓаа меѓу другото палеонтолошки, ботанички, етнолошки и геолошки збирки. Тука беа сместени и околу 700 артефакти од стар Египет, од грчка и римска епоха, како и најстариот пронајден скелет во Америка, стар 12.000 години.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми