1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразил - гигант на несигурни нозе

З. Јордановски21 август 2015

Економската соработка е една од темите на посетата и разговорите на германскиот канцелар Ангела Меркел на Бразил. Во соработката има потенцијал за натамошен развој и покрај актуелните економски проблеми на таа земја.

Фотографија: AP

Бразил е најважниот трговски партнер на Германија во Јужна Америка. Волуменот на меѓусебната размена се движи кон 20 милијарди евра годишно. Германскиот извоз во Бразил (првенствено автомобили и машини) лани, според наводите на министерството за надворешни работи,порасна за околу еден процент и достигна вредност од 11,8 милијарди евра, но увозот (главно железна руда, соја, кафе, нафта) е намален за седум проценти или изразено во пари достигна 6,6 милијарди.

Во вкупната германска надворешно-трговска размена, според Сојузниот завод за статистика, Бразил е на 23. место кај извозот и на 22. место кај увозот.

Во таа земја дејствуваат околу 1400 германски претпријатија, кои се жалат на преголемата бирократија. Загриженост кај германските стопанственици предизвикува падот на индустриското производство во најголемата земја на Јужна Америка, што придонесе за слабиот пласман на германски автомобили на бразилскот пазар. Само Фолксваген во Бразил вработува преку 20 илјади луѓе во производни погони на четири места во државата. Од 1953 година досега Фолксваген во Бразил произведе околу 22 милиона автомобили, од кои преку 3,3 милиони биле наменети за извоз.

Загуби изразени во милијарди бележи и челичарницата на Тисен-Круп. Таму, поради недостиг од вода и неможност за ладење на постројките, имаше и прекини на призводството.

Сао Паоло- германски индустриски центар

Според проценките, германските фирми придонесуваат со околу десет проценти во индустрискиот бруто домашен производ на Бразил. Сао Паоло е најголем германски индустриски центар надвор од Германија!

Дилма Русеф и Ангела МеркелФотографија: picture-alliance/AP Photo

Повеќе германски концерни токму ја прошируваат својата дејност во Бразил. На пример, хемискиот џин БАСФ пред два месеца пушти во погон производствен комплекс вреден 500 милиони евра за материјали кои потоа се користат во произведството на детски пелени, ѕидни бои и лепаци. БМВ гради фабрика за производство на возила вредна 200 милиони евра.

Економската состојба во Бразил во моментов не е најдобра. Земјата со 200 милиони жители е соочена со рапидно влошени економски перспективи, за што придонесоа падот на цените на најважните извозни суровини како железната руда и нафтата, растечката стапка на инфлација и тешката внатрешно-политичка ситуација поради корупциски скандал во владата и долгото натегање околу една прграма за штедење. Резултата на сето тоа е намаленото расположение за инвестирање и за потрошувачка.

Бразил, земја во забрзан подем, долго време одржуваше робустни стапки на стопански пораст. Според Светската банка, лани тој паднал на минимални 0,1 насто, а гфодинава можеби нема да биде постигнато ни тоа. Бирократските правила, високите даноци и недоволната инфраструктура ги одвраќаат потенцијалните инвеститори или им го загорчуваат животот на фирмите кои се активни таму. Домашната индустрија се смета дека е недоволно конкурентна.

Но, и покрај актуелно помрачената состојба,најголем дел од набљудувачите сепак сметаат дека ќе продолжи подемот на Бразил, носен од внатрешната побарувачка, како и од огромниот потенцијал на суровини барани ширум светот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми