1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразил пред голем предизвик

О. Герстенбергер/ сид/ дпа/ А.Трајковска28 јуни 2014

Два јужноамерикански дуели на почетокот на осминафиналните натпревари на Светското првенство. Домаќинот Бразил настапува против Чиле. Во вториот натпревар се среќаваат Колумбија и Уругвај.

Фотографија: picture alliance/augenklick

Пред почетокот на осминафиналниот меч меѓу Бразил и Чиле се знае кој е во предност - кандидатот за титулата светски првак Бразил настапува против аутсајдерот Чиле и мора да победи. Пораз и завршување на натпреварите за домаќинот би било бламажа. Надежите на целата нација и натаму се насочени кон суперѕвездата Нејмар, кој со погодоците во трите натпревари досега ги оправда очекувањата.

Со две победи над Хрватска и Камерун и нерешено против Мексико, домаќините се пласираа во осминафиналето како побединици во групата и сега се под силен притисок: „Сакаме да сме тука, сакаме да победиме, никогаш не сакаме да изгубиме“, рече капитенот Тиаго Силва речиси 24 часа пред почетокот на денешниот наптпревар во 18:00 часот по средноевропско време, дополнувајќи: „Но, ако не успее, животот оди натаму“. И тренерот Луиз Филипе Сколари говореше за она што за многу Бразилци е незамисливо: „Ако можев да избирам, ќе земев друга екипа. Ако изгубиме не смееме да паднеме во дупка“.

Противникот Чиле е подготвен за дуел: „Дојдовме на СП за да напишеме историја“, рече напаѓачот Алексис Санчез од фудбалскиот клуб Барселона и капитен на репрезентацијата. Чиле во групата Б му се спротивстави на досегашниот светски првак Шпанија. Победникот од овој натпревар во четврфиналето повторно ќе треба да се соочи со екипа од својот континент и ќе се натпреварува против победникот од натпреварот Уругвај-Колумбија. Во полуфиналето веќе ќе може да ги чека на пример - Германија.

Луис Суарез е суспендиран поради гризење на италијанскиот репрезентативецФотографија: Getty Images

Уругвај сака да возврати за Суарез

Во вториот дуел, кој ќе се одигра во 22 часот по средноевропско време, двата тима мораат да излезат на крај без нивните суперѕвезди. Фалко и‘ недостасува на Колумбија уште од почетокот на СП. Уругвај пак, поради „гризот“ не може да смета на Луиз Суарез, кој е суспендиран од ФИФА.

Но, Уругавај и без Суарез и натаму е силна екипа, нагласи националниот тренер на Колумбија Хозе Пекерман. „Тоа ќе биде вистински тест за нас. Мораме да покажеме дека можеме да се одбраниме и да бидеме на ниво“, изјави 64-годишниот тренер. Уругвај пред четири години во Јужна Африка се бореше за третото место и загуби од Германија. За Колумбија ова е прв настап на големата фудбалска бина по 1998 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми